Гробишта: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
#1Lib1Ref
Ред 5:
 
==Гробиштата кај Словените==
'''Гробиштата''' кај [[Словени]]те биле поставувани во близина на светилиштата или во нив. Како место за гробишта се одбира цврста и сува земја, најчесто на рид или покрај пат. Гробиштата имале исклучителна почит и не се скрнавеле, па оттаму до денешни дни опстанале старите [[могила|могили]], некаде и цели гробишта со надгробни плочи. Првите пишувани извори, меѓу кои и оние на Нестор велат дека старите [[Словени]] своите мртви ги палеле на клада, но неретко и ги погребувале, но кај нив не постоеле гробишта. Мртвите ги закопувале во полињата, [[Шума|шумите]], до [[Река|реките]], дури и под праговите (во подоцните времиња, кај [[Јужни Словени|Јужните Словени]] е забележано погребување на некрстено новороденче под домашниот праг). Според описот на Нестор, над гробовите [[Словени]] кревале високи земјени могили или поставувале столб, најчесто од [[бука]] или [[даб]]. <ref>Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр.101 - 102</ref>
 
Гробиштата се именувале според местото каде се наоѓале ([[Бутел]]ско, Битолско, Раштанско...), според етничката припадност на населението кое ги погребувало своите мртви во него (еврејско, турско, влашко, српско...), ретко, но постојат гробишта наречени по некој човек (Дедо Маркови), познати се и самовилски (каде што самовилите се грижеле за покојните), сватовски (каде биле погребани сватови кои се удавиле при паѓањето на мостот, коледарски (каде што се вршел некаков коледарски обред), постоеле и гробишта во кои се погребувале заболените во епидемии и таквите гробишта неретко се нарекувале по името на болеста.<ref>Речник на јужнословенска митологија,[[Гордана Јовиќ Стојковска|Гордана Стојковска]], Три, Скопје,2004, стр.101 - 102</ref>