Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
}}
 
== Re:За биографиите ==
 
Здраво и од мене. Што знам што да кажам за ова. Според мене факт е дека имаме неажурирани безброј статии, не само за македонските министри, туку и за европските политичари, да не зборам за спортистите (фудбалери кои поминале во друг клуб или ко колку натпревари одиграл). Мислам дека може и по „мојот начин“ односно „моментален министер“ бидејќи не правам голема разлика, но може да се проба и со твојот предлог. Според мене нема разлика бидејќи доколку некој го министер забравиме во иднина (како што и овие се заборавени), ефектот би бил ист кога во статијата ќе му пишува дека бил поставен во 2017 година, а не е ажурирана статијата дека повеќе не е министер во 2019 година, на пример. Можеби треба да ги прашаш и другите поискусни. Во секој случај се согласувам како и да е. Според мене треба да направиме селекција меѓу нас уредувачите, и од прилика секој од нас да има некој вид на обврска да ги ажурура податоците на статиите. На пример ти да си за политичари, јас да сум за спортисти, некој друг да е за други функции и слично. Тоа повторно би било како проект во кој ќе може секој да се пријави и да каже за што би сакал да има поголема одговорност, но за сето тоа треба да се прашат и останатите. Поздрав--Тиверополник 22:07, 29 мај 2017 (CEST)
 
== Re:Димитров ==
 
Според мене би било подобро да остане така како што е, без разлика кој е попозната или поактуелна личност, статијата [[Никола Димитров]] да се пренасочи во појаснителна а во двете статии за НД да се стави шаблонот за појаснување. Поздрав--Тиверополник 23:00, 2 јуни 2017 (CEST)