Разлика помеѓу преработките на „Димитар Димитров“

Додадени 294 бајти ,  пред 3 години
нема опис на уредувањето
== Биографија ==
 
Димитар Димитров е роден на [[13 ноември]] [[1937]] година во [[Цакони]], [[Воден]]ско, [[Егејска Македонија]]<ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, с. 466.</ref>. Во времето на [[Грчка граѓанска војна|Грчката граѓанска војна]] неговото семејство побегнало во Македонија. Во Скопје го завршил средното образование и завршил Филозофски факултет. Во [[Љубљана]] завршил магистерски степен, додека во Загреб завршил докторат со титула доктор по философски науки. Во текот на својата кариера, Димитров бил професор на Филолошкиот факултет во [[Скопје]], амбасадор на Република Македонија во [[Русија|Руската федерација]], а од 1970 година станал член [[ДПМ]].
 
Во [[Влада на Македонија од 1991|првата експертска влада]] Димитров ја извршувал функцијата [[Список на министри за образование и наука на Република Македонија|Министер за образование и наука]], и тоа во периодот од [[20 март]] [[1991]] до [[4 септември]] [[1992]] година. Во периодот од [[30 ноември]] [[1998]] до [[28 декември]] [[1999]] година ја извршувал функцијата [[Министер за култура на Македонија|Министер за култура]], во [[Влада на Македонија од 1998|владата на Љубчо Георгиевски]].<ref>[http://217.16.70.245/?pbroj=911&pr=7&stID=14421 Тито Петковски. Дипломатија без дипломати, Утрински весник, 16 октомври 2006.]</ref>.
 
== Творештво ==
 
Автор е на книгите: Овчарче (раскази за деца, 1960), Збогум детство (раскази за деца, 1960), Кога сме деца (раскази за деца, 1962), Животот и уметноста (студија, 1967), Противставување (есеи, 1971), Македонски работи (есеи, 1991), Уметност и човекување (есеи, 1992), Меѓу тоталитаризам и демократија (есеи, 1994), Името и умот (есеи, 1999).
 
 
{{Состав на Владата на Македонија (1991)}}