Дојче банк: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
Како последица на загубите предизвикани по [[Финансиска криза 2007-2010 година|Глобалната финансиска и економска криза]], во средината на [[2016]] година Дојче банк престанала да биде дел од најголемите пет банки во светот, заземајќи го шестото место. Притоа, според самата банка, намалувањето на обемот на работењето било дел од нејзината [[стратегија]]. Сепак, наспроти падот, Дојче банк и понатаму била најголемата светска банка надвор од [[САД]].<ref>„За Дојче банк нема место меѓу светските топ-5 банки“, ''Дневник'', година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 101</ref> Исто така, како последица на скандалите во кои била вклучена банката, во текот на [[2016]] година, вредноста на [[Акција (финансии)|акциите]] паднала за половина, а во првата половина од 2016 година нето-добивката на банката изнесувала само 14 милиони евра. Оттука, во [[септември]] [[2016]] година, акциите на „Дојче банк“ паднале на најниското ниво од [[1992]] година.<ref>„Вредноста на акциите на Дојче банк на најниско ниво“, ''Дневник'', година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 9.</ref>
 
Во јануари 2017 година, Дојче банк склучила вонсудска спогодба со британската регулаторна егенција ''Financial Services Authority'' и со американското регулаторно тело ''New York State Department of Financial Services'', согласувајќи се да плати казна од 630 милиони [[долар]]и, поради вмешаноста во т.е. „Руска шема на [[перење пари]]“ во која биле вмешани подружниците на банката во [[Москва]], во [[Њујорк]] и во [[Лондон]]. Имнео, во периодот од април 2012 до октомври 2014 година, преку банката било извршено прелевање на над 10 милијарди долари од [[Русија]] на сметки во [[Кипар]], [[Латвија]], [[Естонија]] и [[Британски Девствени Острови|Британските Девствени Острови]]. Тоа е највисоката казна што некоја банка ја платила поради перење пари. Претходно, во 2015 година, банката платила казна од 2,5 милијарди долари за манипулирањето со [[ЛИБОР]], а во 2016 година платила казна од 7,2 милијарди долари за токсичните хипотекарни [[Обврзница|обврзници]]. На 27 декември 2016 година, „[[Мудис]]“ го потврдил [[Кредитен рејтинг|рејтингот]] на Дојче банк на Ваа2 за обезбеден долг и А3 за депозити.<ref>Игор Давков, „Руска шема на перење пари“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 225, март 2017, стр. 48-51.</ref>
 
==Корпоративно управување и менаџмент==