Молекула: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
Во [[физика]]та и [[хемија]]та, '''молекулатаМолекулата''' е најмалата структурна единка на секое [[хемиско соединение]] што ги има неговите карактеристични својства. Тој е сложен [[систем]] составен од два или повеќе [[атом]]и. При определени услови, атомите од кои е изграден молекулот не се безредно струпани во една целина, туку секој атом си зазема точно определено место.
 
Молекулите на некои [[Супстанца|супстанци]] се составени од по два еднородни атома, како што е случајот со [[водород]]ните и [[кислород]]ните молекули. За разлика од нив, молекулите на многу други соединенија се составени од два или повеќе различни атоми. На пример, молекулот од [[Готварска сол|готварската сол]] е составен од еден [[натриум]]ов и еден [[хлор]]ен атом, а молекулот на [[вода]]та го сочинуваат два водородни и еден кислороден атом. Кај релативно мал број соединенија молекулот е составен од неколку илјади атоми. Таквите молекули се џиновски молекули, односно ''макромолекули'' или [[полимер]]ни молекули. Такви се на пример молекулите на [[гума]]та ([[каучук]]от), на [[ензим]]ите, [[скроб]]от, [[протеин]]ите итн.