Ромео и Јулија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 79.126.141.1) и ја поврати преработката 3371140 на KasparBot
Ред 44:
Со помош на фратарот Лоренс, којшто се надева дека ќе ги помири двете семејства преку венчавката на нивните деца, Ромео и Јулија тајно се земаат наредниот ден. Роднината на Јулија, Тибалт, навреден од тајното влегување на Ромео во домот на Капулетите, го предизвикува на двобој. Ромео, којшто го смета Тибалта за свој сонародник, одбива да се бори со него. Меркуцио му се лути на Тибалта за неговата дрскост, како и на Ромео за неговото толку лесно предавање,<ref>''Romeo and Juliet'', III.i.72.</ref> и тој самиот во име на Ромео го прифаќа двобојот на Тибалт. Меркуцио е тешко ранет и Ромео, потресен од пријателовата смрт, и бесен на самиот себеси, го убива Тибалта. Принцот го протерува Ромео од Верона поради убиство. Исто така додава дека доколку се врати истиот тој час ќе биде убиен. г-динот Капулети, не земајќи ја предвид болката на Јулија, му дава дозвола на грофот Парис да ја земе за жена, и и се заканува дека доколку одбие ќе се откаже од неа. Јулија ја моли мајка и да го одложи бракот, но таа ја одбива. Ромео тајно влегува во собата на Јулија и таму заедно ја поминуваат ноќта.
Наредниот ден таа го посетува фратарот Лоренс и бара помош од него, тој и дава напивка што ќе предизвика лажна смрт односно Јулија ќе биде во кома наредните два часа и четириесет минути.<ref>''Romeo and Juliet'', IV.i.105.</ref> Фратарот и ветува дека ќе испрати писмо преку кое ќе го извести Ромео за планот, односно тој да биде до неа кога таа ќе се разбуди. Ноќта пред венчавката, Јулија ја испива напивката, и кога ја пронаоѓаат „ мртва ”, ја погребуваат во семејната гробница.
Писмото, како и да е, не стигнало до Ромео, и тој дознава за „ смртта ” на Јулија од неговиот слуга Балтазар. Скршен од болка, Ромео купува отров од апотекарот и се упатува накај гробницата на Капулетите. Тука го здогледува Парис кој дошол да ја оплакува Јулија. Воден од мислата дека Ромео е вандал Парис го напаѓа, но сепак на крајот Ромео го убива. Ромео мислејќи дека Јулија е мртва го испива отровот. Тогаш Јулија се буди и здогледувајќи го мртвото тело на Ромео, самата се прободува со неговиот нож. Скараните семејства заедно со принцот се сретнуваат во гробницата, откривајќи дека сите тројца се мртви. Фратарот Лоренс ја прераскажува приказната за двајцата млади љубовници. Смртта на Ромео и Јулија ги помирува двете скарани семејства со што се става и крај на нивната долгогодишна омраза. Трагедијата завршува со принцовата елегија за двајцата љубовници׃„Нељубовници׃ „Не постои потажна приказна од оваа за Ромео и неговата Јулија.”<ref>''Romeo and Juliet'', V.iii.308–9.</ref>Заклучок: СИТЕ СЕ ГЛУПИ ВО ДРАМАВА!!
 
== Извори ==