Драго Иблер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознака: Изворно уредување 2017
Нема опис на уредувањето
Ознака: Изворно уредување 2017
Ред 19:
[[Податотека:Skopje, razglednica so Gradska bolnica, 1930.jpg|мини|Историска фотографија од Градската болница во Скопје од 1930 година]]
 
Дипломирал на Високата техничка школа во [[Дрезден]] во 1921 година. По 1921 година, заминал во [[Париз]] и се приклучил на групата архитекти од кругот на [[Ле Корбизје]] и списанието „Нов дух“ (''L'Esprit Nouveau''), а подоцна ги продолжил студиите на Државната уметничка академија во [[Берлин]] (1922-1924) и работел во ателјето на германскиот архитект [[Ханс Пелциг]].<ref>{{Наведена книга|title=Градителите во Македонија XVIII-XX век|last=Константиновски|first=Георги|publisher=Табернакул|year=2001|isbn=9989-647-88-7|location=Скопје|pages=40}}</ref>
 
По студиите и усовршувањето, Иблер ја проектирал зградата на Заводот за осигурување на работници (1923), прв проект на модерна функционалистичка архитектура во тогашниот [[Загреб]] и [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]]. Потоа со загрепските колеги и истомисленици (Драго Галиќ, Младем Каузлариќ, Стјепан Планиќ и други) работел на основањето на т.н. Загрепска школа, неформална група на архитекти, застапници на модернистичкиот правец во архитектура, кои сакале радикално да прекинат со сите непотребни традиционални работи (украси, фасади).