Горноџумајски случувања: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
* На [[17 септември]] на падините на Пирин планина бил убиен [[Арсениј Јовков]], еден од раководителите на [[Илинденската организација]] и уредник на весникот „Илинден“. Во масовните убиства што ВМРО ги спровела над припадниците на македонската левица биле направени обиди за убиства врз повеќе членови на Илинденската организација, при што некои од нив, како [[Петар Ацев]] и [[Владо Георгиев]], успеале да се скријат. [[Георги Занков]] и Арсениј Јовков во нивната намера да побегнат се упатиле кон градот [[Дупница]]. Притоа Занков успеал да побегне во странство, во [[Виена]], додека Јовков, којшто бил крупен човек по природа, не можејќи да бега бил пристигнат од неговите гонители и бил егзекутиран.
 
* Во септември 1924 година бил убиен припадникот на македонската левица [[Методи Алексиев]] во близина на селото [[Покровник (Горноџумајско)|Покровник]], Горноџумајско, од страна на терористи на ВМРО, откако претходно безобзирно и најсурово бил одвлечкан од читалиштето во Петрич и пред неговото убиство, однесен во Горна Џумаја.
 
* Неколку дена по Горноџумајските убиства во близина на [[Петрич]] биле убиени браќата Коста и Нашко Елшански, блиски пријатели на убијците на Александров, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров.