Ги де Мопасан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 26:
 
Мопасан од раѓање бил повлечен, ја сакал самотијата и медитацијата. Често патувал во [[Алжир]], [[Италија]], [[Англија]], [[Велика Британија|Британија]], [[Сицилија]], [[Оверњ]], и од секое патување се враќал со нова книга. Крстарел на својата јахта „Бел-Ами“, наречена по неговиот роман. Ваквиот бурен живот не го спречувал да се спријатели со најславните книжевници на тоа време. [[Александар Дима Синот]] му бил како втор татко, а во [[Екс ле Бен]] (''Aix-les-Bains'') се дружел со [[Иполит Тен]] (''Hippolyte Taine'') од кого бил воодушевен.
<br />
 
Во 1891 година потполно го загубил [[разум]]от, а умирел две години подоцна, во јули 1893 година, еден месец пред својот 43. роденден. Ги де Мопасан е погребан на гробиштата [[Монпарнас]] во Париз.
 
Иако е општопознато дека Мопасан бил нервно болен, не е целосно познат карактерот на неговата болест. Во тој поглед, уште во периодот меѓу двете светски војни се развила богата дебата и биле напишани голем број студии на таа тема. Притоа бил објавен богат материјал: од сеќавањата на неговите соработници и пријатели (на пример, неговиот собар Франсоа) сè до болничките записи во болницата на д-р Бланш каде Мопасан ги поминал последните 16 месеци од животот и каде што починал. Како резултат на тие обемни истражувања, познато е дека уште на возраст од 26 години Мопасан се заразил од сифилис при што како прва последица се појавила [[неврастенија]], а потоа и заболување на [[очи]]те; дека уште од првите години на својата писателска кариера се плашел од лудилото и од смртта, а паралелно со книжевната слава кај него се развила [[манија]] на следење поради што постојнао се криел од јавноста; дека страдал од халуцинации (за што најдобро сведочи новелата „Тој?“), а во текот на 1884 и 1885 година се појавиле и други параноидни симптоми. На крајот, Мопасан умрел од прогресивна [[парализа]] од која умрел и неговиот брат ''Hervé'' (иако семејството лажело дека умрел од сончаница). Исто така, Мопасан бил психопат, иако се одликувал со добра волја и навидум весел карактер. Понатаму, тој бил голем [[Хипохондрија|хипохондрик]], вечно загрижен за здравјето, недоверлив, повлечен и плашлив, но и арогантен, така што во последните години страдал од мегаломанија. Најпосле, бидејќи страдал од [[мигрена]] и постојани [[Артритис|артритични]] болки, Мопасан често употребувал разни [[Дрога|дроги]], како: [[етер]], [[морфиум]], [[кокаин]] и [[хашиш]]. Со еден збор, тој бил шизоид, а таква била и мајка му, така што се мисли дека неговата болест има наследна природа. Многумина книжевни критичари и историчари сметаат дека неговите фантастични раскази се непосредна последица на постепеното влошување на неговата психичка болест. Борејќи се со болеста, како сведок на своето постепено изумирање, Мопасан двапати се обидел да изврши [[самоубиство]], посакувајќи ја својата брза смрт. Така, во 1891 година, простувајќи се од едне пријател, Мопасан изјавил: „Збогум, а не до гледање, збогум! Мојата одлука е донесена...“<ref>Ivo Hergešić, „Maupassant i pozadina jedne njegove novele“, во: Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984, стр. 89-93.</ref>
<br />
Во 1891 година, Мопасан потполно го загубил [[разум]]от, а умирелумрел две години подоцна, во јули 1893 година, еден месец пред својот 43. роденден. Ги де Мопасан е погребан на гробиштата [[Монпарнас]] во Париз.
 
==Творештво==