Ги де Мопасан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, промени во стилот
Ред 23:
Мопасан е роден во замокот [[Мироменил]] [[Турвил-сир-Арк]] (''Château de Miromesnil''), кај [[Дјеп]] во [[Франција]]. Мопасонови биле стара [[Лорена|лоренска]] семејство кое се доселило во [[Нормандија]] во средината на [[XVIII век]]. Неговиот татко се оженил со Лора ле Поатевен (''Laure le Poittevin''), девојка од богато граѓанско семејство. Лора и нејзиниот брат Алфред во детството често си играле со синот на [[Руан|руанскиот]] [[Хирургија|хирург]], [[Гистав Флобер]], кој подоцна силно влијаел на животот на нејзиниот син. Таа била жена со невообичаен литературен вкус за тоа време и многу добро ги познавала класиците, особено [[Вилијам Шекспир|Шекспир]]. Бидејќи била разделена од мажот, своите два сина, Ги и Ерве, ги растела сама. Сè до својата тринаесетта година Ги со својата мајка живеел во [[Етрета]], каде растел уживајќи во благодатите на приморското село. Честопати со рибарите одел на [[риболов]] или разговарал со локалните селани на нивниот дијалект. Тој бил толку приврзан кон мајка си што откога бил запишан на [[богословија]] во [[Ивето]] (''Yvetot''), многу брзо успеал да биде исфрлен од училиштето и да се врати кај неа. Од таа фаза на неговиот живот потекнува и неговата изразена одбојност кон [[религија]]та. Потоа го испратиле во руанскиот лицеј каде почнал да се интересира за [[поезија]]та и успешно се пробал во глумата.
 
Кога Ги го завршил колеџот, во 1870 година избувнала [[Француско-пруска војна|Француско-пруската војна]], а тој веднаш се пријавил како доброволец и се борел на фронтот. По завршувањето на војната, во 1871 година тој ја напуштил Нормандија и дошол во Париз каде следните седум години работел како службеник во Министерството за поморство. Во тие седум години единствената разонода му била [[Веслање|веслањето]] по [[Сена]] во неделите и на празниците. Во тоа време, [[Гистав Флобер]] му станал своевиден литературен водич во неговите книжевни и новинарски почетоци. Во домот на Флобер ги среќавал [[Иван Тургењев]], [[Емил Зола]], како и многу други претставници на [[реализам|реализмот]] и [[натурализам|натурализмот]]. Во тоа време, Мопасан пишувал песни и кратки драми. Во 1878 година преминал во Министерството за образование, а истовремено станал надворешен соработник на неколку водечки новини, како: „[[Фигаро (весник)|Фигаро]]“, „Жил Бла“, „Голоаз“ и „Л’еко де Пари“.
 
Мопасан од раѓање бил повлечен, ја сакал самотијата и медитацијата. Често патувал во [[Алжир]], [[Италија]], [[Англија]], [[Велика Британија|Британија]], [[Сицилија]], [[Оверњ]], и од секое патување се враќал со нова книга. Крстарел на својата јахта „Бел-Ами“, наречена по неговиот роман. Ваквиот бурен живот не го спречувал да се спријатели со најславните книжевници на тоа време. [[Александар Дима Синот]] му бил како втор татко, а во [[Екс ле Бен]] (''Aix-les-Bains'') се дружел со [[Иполит Тен]] (''Hippolyte Taine'') од кого бил воодушевен.