Бугаризација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
== Бугаризација ==
 
Во Бугарија за зачетник на Бугарската преродба се смета калуѓерот [[Паисиj Хилендарски]] од [[Банско (Бугаријаград)|Банско]], [[Пиринска Македонија]]. Паисиj се смета за втемелувач и пропагатор на бугарското име и бугарскиот етнички карактер во Македониjа.<ref>"Македонска енциклопедиjа", Македонска академиjа на науките и уметностите, Скопjе, 2009, том 1, статиjа "Бугарското име во Македониjа", стр. 222.</ref> По [[француска револуција | Големата француска револуција]] (1789 - 1799 година) започнал порастот на [[национализам |национализмот]] во Европа, вклучително и во Отоманската Империја. Бугарската идеја се изразувала во овој период во спорадични акти на црковен протест против денационализаторската политика на Цариградската патријаршија. Меѓу новите идеи кои внеле просветителството меѓу [[рум-милет]]от, била и идејата за граѓанска нација. На бугарското земјиште започнал процес на национална преродба, и како резултат на тоа почнала борбата за бугарска црковна независност, наречена во тоа време ''Бугарско национално движење''. Ерата на јавни реформи, наречена [[Танзимат]], започнала во 1839 година и завршила со усвојување на првиот отомански устав од1876 година, но и тоа дало дополнителни надежи на Бугарите. Според [[Георги Раковски]] од 1848 година, отоманска влада започнала во некои официјални документи да ги одделува Бугарите од рум-милетот и да им дава народносно име: [[Булгар-милет]].<ref> Нѣколко риечи о Асѣню Първому: великому царе българскому и сину му Асѣню Второму, Георги Стојков Раковски во Кн. Србија. Книги-печятницѫ, 1860, стр 2. </Ref> Во [[1849]] година бил издаден официјален султански ферман, со кој се овозможило Бугарите во Цариград да имаат свој храм. Во 1860 година бугарските свештеници таму еднострано прогласили независност на Бугарската Црква од Цариградската патријаршија, но тоа довело до репресија и зајакнување на католичката пропаганда. Така на 14 април 1861 година [[Јосиф Соколски]] бил признат од султанот со специјален [[берат]] за „милет баши на Бугарите унијати со Рим“, што значело формално признавање на бугарскиот народ.<ref> Историја на Бугарите. Том 2 од Georgi Bakalov, ISBN 954621213X, TRUD Publishers, 2004, стр.</Ref><Ref> Communities and identities in Bulgaria, Anna Krŭsteva, Longo, 1998, ISBN 8880632108, p. 308 </ref> Истовремено во Русија добил замав [[панславизам|панславизмот]], кој влијаел силно на руската надворешна политика, која имала зацртано да ги заштитува националните движења на балканските Словени и да им помага при создавањето на нивните држави. Така, не без помошта на руските дипломати во Цариград, на 28 февруари 1870 година султанот [[Абдул Азиз]] издал [[ферман]] со кој била призната самостојна [[Бугарска егзархија]]. Вака ''де јуре'' било признато постоењето на посебен бугарски народ.
 
== Бугаризација на Македонците ==