Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 64:
И покрај нападите, драмата „Сид“ продолжиал да го привлекува вниманието на публиката, но Корнеј бил разочаран така што, наспроти навалувањето на неговите пријатели и порачките од театрите, тој не сакал да пишува. Поради тоа, на 15 јануари 1639 година, Шаплен напишал: „Корнеј веќе ништо не работи.“ Сепак, Корнеј ги демантирал таквите гласини и набргу му се вратил на театарот: во 1640 година се појавиле две негови трагедии, „[[Хорациј (драма на Пјер Корнеј)|Хорациј]]“ (''Horace'') и „[[Сина (драма на Пјер Корнеј)|Сина]]“ (''Cinna'') кои биле плод на неговата душевна состојба во тој период и на искуството здобиено од полемиката со непријателите на „Сид“. Во 1643 година, Корнеј ја напишал трагедијата „[[Полиевкт (драма на Пјер Корнеј)|Полиевкт]]“ (''Polyeucte'') која претставува израз на неговата побожност, а две години подоцна напишал уште една трагедија со слична тематика - „Теодора, девица и маченичка“ (''Théodore, vierge et martyre''). И покрај тоа што во тоа време биле во мода делата со ваква тематика и што била фалена од критичарите, сепак „Теодора“ не била примена со успех кај публиката. Воопшто, по „Полиевкт“ настапил период во творештвото на Корнеј (од 1643 до 1652 година) кога, под влијание на жестоките критики, тој барал нови теми и нова драматургија. Притоа, во 1643 година, тој ги создал комедијата „[[Лажливец (Корнеј)|Лажливец]]“ (''Le Menteur'') и трагедијата „[[Смртта на Помпеј (Корнеј)|Помпеј]]“ (''La Mort de Pompée''), а една година и „Продолжеток на Лажливецот“ (''La Suite du Menteur'') од кои „Лажливец“ е најдобрата негова комедија. Во овој период, Корнеј ги напишал и компликуваните трагедии „[[Родогуна (Корнеј)|Родогуна]]“ (''Rodogune''), „[[Ираклиј (Корнеј)|Ираклиј]]“ (''Héraclius'') и „[[Пертарит (Корнеј)|Пертарит]]“ (''Pertharite''), кои се пренатрупани со бројни настани и цел комплекс на интриги, сосема спротивно на едноставноста на неговите претходни дела од типот на „Сид“, „Сина“, „Полиевкт“ и „Хорациј“. Во потрагата по нешто ново, во 1650 година, Корнеј ги создал драмите „[[Андромеда (драма на Пјер Корнеј)|Андромеда]]“ (''Androméde''), еден вид [[опера]], „Дон Санчо Арагонски“ (''Don Sanche d'Aragon'') која ја именува како „херојска комедија“ и неколку други кои ја сочинуваат групата пиеси од „вториот начин“. Овие дела се одликуваат со сложена фабула, бројни настани, ефектни расплети, употреба на надворешни ефекти и [[барок]]ен стил. Во нив, Корнеј внесол нови елементи кои значеле отстапување од принципите на класичната драма. Единствемо отстапување од овие драми е „[[Никомед (Корнеј)|Никомед]]“ (''Nicomede'') од 1651 година, која се одликува со едноставно дејство и во која Корнеј предложил нова концепција, изложена во предговорот на драмата.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 23-31.</ref>
<br />
Творештвото на Корнеј во овој период било под влијание на одреднеи случувања во неговиот живот. Така, по два неуспешни обиди, во 1647 година, тој бил примен во Француската академија и тоа го принудило да живее во Париз каде не се чувствувал удобно, така што кај него се јавила одредена депресија и вознемиреност. Тогаш, тој потпаднал под влијанието на италијанската театарска мода. Во тоа време, кардиналот Мазарен донесол во Париз италијанска опера, предводена од уметникот Торели. За да го задоволи вкусот на Мазарен, во соработка со Торели, Корнеј почнал да пишува пиеси од посебен род (''piéces àmachines'') кои биле комбинација на музички и сценски ефекти. Прва од таа низа била пиесата „Андромеда“ ('' Andromède'') од 1650 година, со мотив преземен од „[[Метаморфози (Овидиј)|Метаморфозите]]“ на [[Овидиј]], збогатени со нови детаљи и епизоди. Во сличен стил, тој ги напишал и делата „[[Златното руно (Корнеј)|Златното руно]]“ (''La Toison d'or'') од 1660 година и „[[Психеа (Корнеј)|Психеа]]“ (''Psyché'') од 1671 година, создадена во соработка со [[Молиер]].<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 29-31.</ref>
 
Во 1652 година, драмата Пертарит (''Pertharite'') наидува на многу слаба критика, и разочараниот Корнеј решава да се откаже од театарот. Почнува да се фокусира на еден влијателен препев на делото Имитација на Христос (Imitation of Christ) од Тома Кемписки (Thomas à Kempis), кој го завршува во 1656 година. По отсуство од речиси осум години, успеваат да го убедат да се врати на сцената во 1659 година. Ја пишува драмата Едип, фаворизирана од Луј XIV. Наредната година, го објавува делото Три расправи за драмската поезија (Trois discours sur le poème dramatique) кои делумно претставуваат одбрана не неговиот стил. Ова дело може да се смета како одговор на Корнеј за Querelle du Cid. Тој истовремено ја задржува важноста на класичните драмски правила и ги правда своите трансгресии на тие правила во Сид. Корнеј расправа околу тоа дека аристотеловите правила за драмата, не треба да се земаат буквално како такви. Наместо тоа, тој вели дека правилата треба да се отворени за интерпретација. Иако важноста на класичните правила е задржана, Корнеј вели дека правилата не треба да бидат толку тирански за да ја задушат иновацијата.
 
=== Подоцнежни драми ===