Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: дополнување
Ред 36:
 
== Биографија ==
Корнеј е роден во францускиот град Руан, како син на Март ле Пезан де Буасуијбер (''Marthe le Pesant de Boisguilbert'') и Пјер Корнеј (''Pierre Corneille''). Тој потекнувал од службеничко семејство: дедо му бил правник, а татко му службеник во дирекцијата за шуми и води. Основното и средното образование ги стекнал во родното место, во прочуениот језуитски „Бурбонски колеџ“ (''Collège de Bourboн''), кој од 1873 година е познат како ''Lycée Pierre Corneille'' (Гимназија Пјер Корнеј). Притоа, Корнеј бил познат како надарен ученик, кој бил наградуван за убавите стихови составени на [[латински јазик]]. Потоа започнал да студира [[право]], а дипломирал во јуни 1624 година, по што работел како адвокатски стажант во адвокатската комора во Руан. Сепак, поради недостигот на дарба за ораторство, Корнеј се откажал од адвокатурата, а неговиот татко му обезбедил место во Министерството за шуми и реки на Руан, каде останал на работа дури 21 година. И покрај заморната административна работа, Корнеј започнал да се занимава и со книжевна дејност. И покрај тоа што бил повлечен и срамежлив, младиот Корнеј редовно ги посетувал салоните и приемите кај познатите семејства во градот при што пишувал галантни [[стих]]ови во чест на девојките. Притоа, Корнеј имал [[љубов]]на авантура: еден негов пријател се вљубил во некоја девојка, но немал смелост да ја искаже својата љубов и поради тоа го замолил Корнеј да го направи тоа. Тој ја извршил задачата толку вешто што девојката одговорила позитивно на љубовните изливи, но не во полза на пријателот на Корнеј, туку се вљубила во него. Така се развила силна љубов меѓу девојката (Катерина) и Корнеј, а според неговото подоцнежно признание, девојката ја разбудила во него поетската дарба.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 8-10.</ref> Во 1641 година, Корнеј се оженил со Мари де Лампериер (''Marie de Lampérière'') со која имал седум деца.
 
==Творештво==