Ивет (Мопасан): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
ситна поправка
Ред 2:
 
==Содржина==
Жан де Сервињи (''Jean de Servigny'') е богат човек од [[Париз]], кој времето го троши на забава. Една ноќ, тој го води својот пријател Леон Савал (''Leon Saval'') во домот на [[маркиз]]ата Обарди, која во својата куќа организира масовни забави на коиекои се танцува, се игра комар и се флертува. Всушност, маркизата е богата куртизана која често ги менува љубовниците. Маркизата Обарди веднаш се вљубува во високиот и убав Леон, додека Жан е еден од бројните додворувачи на убавата Ивет, ќерката на маркизата. За време на забавата, маркизата ги кани двајцата пријатели да ја посетат на нејзиниот имот во близината на [[Париз]]. За време на посетата, маркизата ужива во друштвото на Леон, а Жан отворено ѝ ја изјавува својата [[љубов]] на Ивет. Кога Ивет ѝ го соопштува тоа на мајка си, таа станува загрижена за иднината на својата ќерка, знаејќи дека Жан нема намера да се ожени со неа, туку само сака да се забавува. Збунета и разочарана од разговорите со Жан и со мајка си, Ивет се повлекува во себе, а потоа влегува во кавга со мајка си, наговарајќи ја да го напушти животот на куртизана и да се повлечат во некое далечно место. Бидејќи мајка ѝ нема слух за таквите планови, таа одлучува да умре и за таа цел набавува [[хлороформ]]. Кога следниот пат доаѓаат познаниците на нејзината мајка, Ивет ги води своите додоворувачидодворувачи на локалниот панаѓур, терајќи ги да изведуваат разни глупости, а потоа се повлекува во својата соба и го вдишува хлороформот. Сепак, таа не умира, туку само паѓа во длабок сон, по што Жан ја спасува. Кога се освестува, Ивет паѓа во прегратката на Жан, кој ѝ ветува дека вечно ќе ја сака.<ref>Guy de Maupassant, ''Yvette''. Split: Logos, 1984.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Книжевност на француски јазик]]
[[Категорија:Дела на Ги де Мопасан]]