Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 62:
 
=== Периодот по „Сид“ ===
И покрај нападите, драмата „Сид“ продолжиал да го привлекува вниманието на публиката, но Корнеј бил разочаран така што, наспроти навалувањето на неговите пријатели и порачките од театрите, тој не сакал да пишува. Поради тоа, на 15 јануари 1639 година, Шаплен напишал: „Корнеј веќе ништо не работи.“ Сепак, Корнеј ги демантирал таквите гласини и набргу му се вратил на театарот: во 1640 година се појавиле две негови трагедии, „[[Хорациј (драма на Пјер Корнеј)|Хорациј]]“ (''Horace'') и „[[Сина (драма на Пјер Корнеј)|Сина]]“ (''Cinna'') кои биле плод на неговата душевна состојба во тој период и на искуството здобиено од полемиката со непријателите на „Сид“. Во 1643 година, Корнеј ја напишал трагедијата „[[Полиевкт (драма на Пјер Корнеј)|Полиевкт]]“ (''Polyeucte'') која претставува израз на неговата побожност.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 23-27.</ref>
 
Овие три драми, заедно со Сид се познати како „Класичната тетралогија“ на Корнеј. Корнеј исто така одговара на критиките на Академијата со тоа што прави поголем број на преработки на Сид, за да ја направи драмата поблиска до конвенциите на класичната трагедија. Изданијата од 1648, 1660 и 1682 година веќе не се поднасловени како „трагикомедија“, туку како „трагедија“.
Ред 69:
 
Во 1652 година, драмата Пертарит (Pertharite) наидува на многу слаба критика, и разочараниот Корнеј решава да се откаже од театарот. Почнува да се фокусира на еден влијателен препев на делото Имитација на Христос (Imitation of Christ) од Тома Кемписки (Thomas à Kempis), кој го завршува во 1656 година. По отсуство од речиси осум години, успеваат да го убедат да се врати на сцената во 1659 година. Ја пишува драмата Едип, фаворизирана од Луј XIV. Наредната година, го објавува делото Три расправи за драмската поезија (Trois discours sur le poème dramatique) кои делумно претставуваат одбрана не неговиот стил. Ова дело може да се смета како одговор на Корнеј за Querelle du Cid. Тој истовремено ја задржува важноста на класичните драмски правила и ги правда своите трансгресии на тие правила во Сид. Корнеј расправа околу тоа дека аристотеловите правила за драмата, не треба да се земаат буквално како такви. Наместо тоа, тој вели дека правилата треба да се отворени за интерпретација. Иако важноста на класичните правила е задржана, Корнеј вели дека правилата не треба да бидат толку тирански за да ја задушат иновацијата.
 
=== Подоцнежни драми ===
Иако Корнеј станува плоден автор по неговото враќање на сцената, пишувајќи по една драма годишно, за време на четиринаесетте години по 1659 година, неговите драми немаат толку голем успех како оние од почетокот на неговата кариера. Други автори почнуваат да стануваат популарни. Во 1670 година Корнеј и Жан Расин, еден од неговите драмски ривали, биле предизвикани да напишат драми за еден ист настан. Никој од драмските писатели не бил свесен дека и на другиот му е даден истиот предизвик. Кога и двете драми се завршени, општо прифатено мислење било дека драмата на Корнеј Тит и Береника (Tite et Bérénie, 1671година) е инфериорна на Расиновата Береника (Bérénice). Молиер е истотака истакнат автор во тоа време и Корнеј дури ја составува комедијата Психа (Psyché, 1671) во соработка со него (и Филип Кинол). Најголемиот дел од драмите што Корнеј ги пишува по неговото враќање на сцена се трагедии: Златното руно (La Toison d'or , 1660), Серториј (Sertorius, 1 662), Отон (Othon, 1664), Агесил (Agésilas, 1666), и Атила (Attila ,1667).