Илинденско востание: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 230:
Подготовките за востанието во [[Сер]]ско ги започнал [[Гоце Делчев]], а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на [[Јане Сандански]]. Сандански се нашол во [[Бугарија]] за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во [[Бугарија]] [[Јане Сандански]] се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле вооружени со манлихерки и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле [[Пејо Јаворов]], [[Никола Наумов]], [[Димитар Стефанов]] и други.
 
Востанието во [[Серски револуционерен округ|Серскиот револуционерен округ]] требало да почне подоцна. На [[11 август]] ([[Јулијански календар|стар стил]]) [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]] го известило [[Јане Сандански]] како началник на воените сили во [[Пирин (Пиринско)|Пиринско]] дека восатниетовостанието во Битолскиот округ започнало, а востанието го зафатило и ''II-от востанички округ-Кожув''. Во август со дозвола на Задграничното претставништво почнале да навлегуваат врховистичките чети. Првата поголема таква чета броела 160 души и била под раководство на [[Јурдан Стојанов]] и [[Љубомир Стоенчев]]. По нив пристигнале [[Иван Цончев]] и [[Атанас Јанков]] со околу 350-400 души. Во Серскиот округ се нашле околу 500-600 души под команда на врховистички војводи.
 
Во [[Мелник|Мелничко]] борбите започнале порано од предвидениот ден за востание. На [[12 септември]] кај ''св. Троица'' во близината на село Пирин била откриена здружената чета на Сандански, [[Димитар Зографов]], [[Петар Дрвингов]], [[Дончо Златков]], [[Михаил Чаков]], [[Јурдан Стојанов]] и други.