Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
→‎Творештво: дополнување
Ред 39:
 
==Творештво==
===Периодот до „Сид“===
Љубовната афера со Катерина го означила почетокот на книжевното творештво на Корнеј, кој во нејзина чест напишал повеќе песни меѓу кои особено се истакнува еден сонет, подоцна внесен во неговата прва пиеса. Всушност, врз основа на оваа љубовна афера, тој го збогатил бројот на ликовите, внесол елементи од своремениот живот на Руан, настанот го дотерал преку внесување заплет околу кој се врти дејството и така настанала неговата прва драма, комедијата „[[Мелита]]“ (''Mélite'') од 1625 година. Во согласност со тогашната мода, „Мелита“ била исполнета со галантност, но за разлика од тогашните тешки и компликувани [[Трагикомедија|трагикомедии]], таа е првата чиста [[комедија]], но се разликувала и од популарните простачки фарси. Корнеј создал комедија со издржан стил, со лесни и пријатни стихови, со актуелна содржина и со живо дејство во кое учествуваат лица од секојдневниот градски живот. Поради тоа, во 1629 година, претставата била прикажана и во [[Париз]], постигнувајќи огромен успех.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 10-11.</ref>
<br />
По успехот на „Мелита“, во 1631 година, Корнеј ја напишал [[трагикомедија]]та „[[Клитандар]]“ (''Clitandre''), која се одликува со патетичен стил, со компликуван заплет и со развлечена содржина. Таа доживеала голем успех кај публиката, но не донесла ништо ново, поради што подоцна била критикувана од самиот Корнеј. Исто така, успехот на „Мелита“ го охрабрила Корнеј да напише уште неколку комедии: „[[Вдовица (драма од Пјер Корнеј)|Вдовица]]“ (''La veuve'') и „[[Галерија во судската палата]]“ (''La Galerie du palais'') од 1633 година, „[[Придружничка (драма од Пјер Корнеј)|Придружничка]]“ (''La suivante'') и „[[Кралскиот плоштад]]“ (''La place royale'') од 1634 година, како и „[[Комична илузија]]“ (''L'illusion comique'') од 1636 година. Сите тие се во духот на тогашниот стил, но содржат и некои нови елементи: невкусните шеги се исфрлени, декорот е париски, дијалозите се секојдневни и природни, амбиентот и дејството се актуелни, стилот е грациозен, јазикот е чист и воедначен, а стиховите се беспрекорни и сугестивни. Исто така, во овие драми се јавуваат и некои од основните обележја на подоцнежниот [[Класицизам|класицизам]]: стегнатост, стилска изедначеност и јасност, [[морал]]на анализа, силна личност што се одликува со хероизам итн. Иако постигнал голем успех со комедиите, Корнеј не нашол задоволство во овој жанр и постепено се префрлил на [[трагедија]]та.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 11-12.</ref>
Во 1633 година, веќе како славен писател, Корнеј бил претставен пред кардиналот [[Ришелје]] (''Richelieu''), кој составил план за нов вид на драма која ќе ја нагласува доблеста. За таа цел, Ришелје избрал петмина писатели, кои требало да ја остварат неговата визија, така што ќе пишиуваат драми во согласност со неговите насоки. Во групата на таканаречените „Пет поети“ (''Les Cinq Auteurs'') се наоѓал и Корнеј, заедно со [[Гијом Колте]] (''Guillaume Colletet''), [[Буаробер]] (''Boisrobert''), [[Жан Ротру]] (''Jean Rotrou''), и [[Клод де Летуал]] (''Claude de Lestoile''). На тој начин биле составени три пиеси кои биле прикажувани со раскошен декор, а Корнеј учествувал само во првата од нив - „Тилериската комедија“ (''La Comédie des Tuileries'') од 1634 година. Според [[Волтер]], Корнеј имал задача да го состави третото дејствие, но тој се осмелил да ја измени скицата на Ришелје, кој поради тоа се налутил и Корнеј ја напуштил петорката и се вратил во Руан.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12.</ref>
<br /ref>
Во тоа време, Корнеј работел на својата прва [[трагедија]] „[[Медеја (драма на Пјер Корнеј)|Медеја]]“ (''Médée''), која била прикажана во 1635 година. Во неа биле впечатливи новите квалитети кои подоцна станале препознатлив знак на Корнеј, така што драмата била прифатена со воодушевување од критиката и од публиката. Корнеј бил задоволен од успехот, но не и занесен, туку продолжил неуморно да работи. Во тоа време, тој се заинтересирал за [[Шпанска книжевност|шпанската книжевност]] и за шпанските теми, а се смета дека за тоа бил заслужен поранешниот секретар на [[крал]]ицата [[Марија де Медичи]], де Шалон, кој по своето повлекување од службата живеел во Руан и таму го запознал Корнеј. Како последица на новиот интерес, Корнеј ја напишал комедијата „Комична илузија“ (1636) која обработува шпанска тема, иако таа била претставена претерано и карикатурално. Неколку месеци подоцна, кон крајот на 1636 година, Корнеј ја создал трагикомедијата „[[Сид]]“, која исто така се занимава со шпанска тематика.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12-13.</ref>
 
=== Расправата„Расправата за СидСид“ ===
Драмата „Сид“ постигнала огромен успех и го запечатила местото на Корнеј како централна личноста на француската драматургија. Но, истовремено, тоа било повод за обединување на непријателите на Корнеј, кои започнале жестока дискусија позната како „Расправа за Сид“ (''Querelle du Cid''). Група писатели (Мере, Скидери, Клавре и Шаплен) се обиделе да докажат дека „Сид“ има големи недостатоци, па дури и дека нема никаква вредност. Во почетокот, борбата против Корнеј се водела тајно и подмолно: во разни салони, на средбите по приватните куќи и во книжевните кругови се зборувало неповолно за одделни сцени, за некои стихови и за одредени карактеристики на ликовите од драмата. Разочаран од интригите што некои пријатели ги воделе против него, Корнеј го напишал писмото во стихови „Извинувањето на Арист“ (''Excuse à Ariste''), упатено до измислен пријател, во кое тој нагласува дека стекнатата слава се должи на неговите квалитети и во кое ја истакнал надмоќта над неговите непријатели. Писмото особено го погодило [[Жорж Скидери]], чии здодевни и конфузни трагедии претрпеле неуспех. Оттука, иако тој му бил пријател на Корнеј, па дури изјавил дека тој е сонце што ги помрачува ѕвездите, Скидери напишал долг памфлет „Забелешки на Сид“ (''Observations sur le Cid'') во кој сакал да докаже дека темата во „Сид“ била несоодветна, дека Корнеј ги нарушил основните правила на драмската поезија, дека развојот на дејството било без смисла и изнесено низ лоши стихови и дека Корнеј се стекнал со незаслужена почит. Уште повеќе, Скидери го обвинил Корнеј поради тоа што на сцената изнесол „чудовиште“, „нечовечна ќерка“, „бесрамна жена“, а не хероина достојна за восхит. На овие напади, Корнеј одговорил посредно, во предговорот на својата комедија „[[Придружничка (драма на Пјер Корнеј)|Придружничка]]“, каде со ироничен тон ги отфрлил наводите на Скидери и ги одбранил квалитетите на „Сид“.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 19-20.</ref>
<br />
Во полемиката со Корнеј, Скидери бил победен, но веднаш потоа дошол нов напад од непознатиот поет Клавре (''Clavret'') кој го напишал навредливото „Писмо“ (''Lettre'') против Корнеј, кој лесно го победил и тој противник. Меѓутоа, неговите противници, поддржани од кардиналот Ришелје, не мирувале и како последица на тоа, улиците биле преплавени со бројни памфлети за и против Корнеј. Бидејќи публиката застанала на страната на Корнеј, Скидери го заинтересирал Ришелје за дебатата, а потоа предметот на расправата ја изнесол пред [[Француска академија|Академијата]]. Во однос на улогата на Ришелје во дебатата за „Сид“ постојат бројни истражувања, од кои е јасно дека тој застанал на страната на непријателите на Корнеј. Академијата, која штотуку била формирана, не сакала да се стави на едната или на другата страна и за да се извлече од дебатата се повикала на својот статут според кој не можела да се искаже за живи писатели доколку тие не го побараат нејзиното мислење. На почетокот, Корнеј не сакал да се согласи со тоа, но по директното барање од Ришелје, тој неодредено ѝ оставил на Академијата да одлучи дали ќе одлучува по барањето на Скидери, така што таа формирала тричлена комисија. Комисијата, раководена од Шаплен, составила извештај, но според Ришелје тој бил здодевен и потоа биле составени втор и трет извештај, но Ришелје повторно бил незадоволен. Поради тоа, на Шаплен му било наложено самиот да состави извештај врз основа на претходните извештаи и притоа да ги земе предвид забелешките на Ришелје. По пет месеци, во 1637 година, Шаплен го составил извештајот познат по насловот „Мислење на Француската академија за трагикомедијата Сид“ (''Les sentiments de l'Académie Française sur la tragi-comédie du Cid''). Критиката изложена во извештајот била умерена и блага, но сепак била пристрасна и неправична. Во неа, во блага форма, се тврдело дека предметот на драмата е лош затоа што е неверојатен, дека авторот не се придржувал кон правилото за единството на дејството, времето и просторот, особено во однос на правилата за местото и за времето (дејството во драмата трае 35 наместо 24 часа). Крајно разочаран и навреден, Корнеј се повлекол од дебатата, но неговите пријатели продолжиле да ги бранат него и „Сид“. Меѓу приврзаниците на Сид особено се истакнал писателот [[Гез де Балзак]], а подоцна нему му се придружил и Буало кој во својата деветта сатира од 1667 година ги вклучил прочуените стихови во одбрана на Корнеј:<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 20-23.</ref>
<br />
<br />
„Напразно против Сид еден министер организира завера,
Ред 59 ⟶ 61:
Револтираната публика упорно од него се восхитува.“
 
=== Периодот по „Сид“ ===
И покрај нападите, драмата „Сид“ продолжиал да го привлекува вниманието на публиката, но Корнеј бил разочаран така што, наспроти навалувањето на неговите пријатели и порачките од театрите, тој не сакал да пишува. Поради тоа, на 15 јануари 1639 година, Шаплен напишал: „Корнеј веќе ништо не работи.“ Сепак, Корнеј ги демантирал таквите гласини и набргу му се вратил на театарот: во 1640 година се појавиле две негови трагедии, „[[Хорациј (драма на Пјер Корнеј)|Хорациј]]“ (''Horace'') и „[[Сина (драма на Пјер Корнеј)|Сина]]“ (''Cinna'') кои биле плод на неговата душевна состојба во тој период и на искуството здобиено од полемиката со непријателите на „Сид“.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 23.</ref>
 
По паузата од театарот, Корнеј се враќа во 1640 година. The Querelle du Cid прави Корнеј да обрнува поголемо внимание на класичните драмски правила. Ова убаво се гледа во неговите наредни драми, кои се класични трагедии: Хорациј (Horace) (1640 година, посветена на Ришелју), Сина (Cinna) (1643), и Полеукт (Polyeucte) (1643). Овие три драми, заедно со Сид се познати како „Класичната тетралогија“ на Корнеј. Корнеј исто така одговара на критиките на Академијата со тоа што прави поголем број на преработки на Сид, за да ја направи драмата поблиска до конвенциите на класичната трагедија. Изданијата од 1648, 1660 и 1682 година веќе не се поднасловени како „трагикомедија“, туку како „трагедија“.
 
 
 
Биле подигнати обвинувања за неморал на драмата, во форма на една позната кампања со памфлети. Овие напади се базирале врз класичната теорија дека театарот е место на обликување на моралот. Сугестиите на Академијата во врска со драмата се изразени во делото на [[Жан Шапелен]] (''Jean Chapelain''), ''Sentiments de l'Académie française sur la tragi-comédie du Cid'' (1638). Дури и истакнатиот писател Жорж де Скудери остро ја критикувал драмата во неговото дело ''Observations sur le Cid'' (1637). Расправијата станала преголема за Корнеј, кој одлучил да се врати во Руен.
 
=== Одговор на Querelle du Cid ===
По паузата од театарот, Корнеј се враќа во 1640 година. The Querelle du Cid прави Корнеј да обрнува поголемо внимание на класичните драмски правила. Ова убаво се гледа во неговите наредни драми, кои се класични трагедии: Хорациј (Horace) (1640 година, посветена на Ришелју), Сина (Cinna) (1643), и Полеукт (Polyeucte) (1643). Овие три драми, заедно со Сид се познати како „Класичната тетралогија“ на Корнеј. Корнеј исто така одговара на критиките на Академијата со тоа што прави поголем број на преработки на Сид, за да ја направи драмата поблиска до конвенциите на класичната трагедија. Изданијата од 1648, 1660 и 1682 година веќе не се поднасловени како „трагикомедија“, туку како „трагедија“.
 
Популарноста на Корнеј сé повеќе расте и до средината на 1640те, објавена е првата збирка негови драми. Се жени со Мари де Лампериер (Marie de Lampérière) во 1641 година. Тие заедно имаат седум деца. Кон крајот на 1640те години, Корнеј најмногу пишува трагедии:: Смртта на Помпеја (La Mort de Pompée), изведена во 1644 година), Родогун (Rodogune) (изведена во 1645 година), Теодор (Théodore) (изведена во 1646 година), и Ираклиј (Héraclius) (изведена во1647 година). Во овој период пишува и една комдија Лажго (Le Menteur, 1644).