Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнување
Ред 47:

=== Расправата за Сид ===
Драмата „Сид“ постигнала огромен успех и го запечатила местото на Корнеј како централна личноста на француската драматургија. Но, истовремено, тоа било повод за обединување на непријателите на Корнеј, кои започнале жестока дискусија позната како „Расправа за Сид“ (''Querelle du Cid''). Група писатели (Мере, Скидери, Клавре и Шаплен) се обиделе да докажат дека „Сид“ има големи недостатоци, па дури и дека нема никаква вредност. Во почетокот, борбата против Корнеј се водела тајно и подмолно: во разни салони, на средбите по приватните куќи и во книжевните кругови се зборувало неповолно за одделни сцени, за некои стихови и за одредени карактеристики на ликовите од драмата. Разочаран од интригите што некои пријатели ги воделе против него, Корнеј го напишал писмото во стихови „Извинувањето на Арист“ (''Excuse à Ariste''), упатено до измислен пријател, во кое тој нагласува дека стекнатата слава се должи на неговите квалитети и во кое ја истакнал надмоќта над неговите непријатели. Писмото особено го погодило [[Жорж Скидери]], чии здодевни и конфузни трагедии претрпеле неуспех. Оттука, иако тој му бил пријател на Корнеј, па дури изјавил дека тој е сонце што ги помрачува ѕвездите, Скидери напишал долг памфлет „Забелешки на Сид“ (''Observations sur le Cid'') во кој сакал да докаже дека темата во „Сид“ била несоодветна, дека Корнеј ги нарушил основните правила на драмската поезија, дека развојот на дејството било без смисла и изнесено низ лоши стихови и дека Корнеј се стекнал со незаслужена почит. Уште повеќе, Скидери го обвинил Корнеј поради тоа што на сцената изнесол „чудовиште“, „нечовечна ќерка“, „бесрамна жена“, а не хероина достојна за восхит. На овие напади, Корнеј одговорил посредно, во предговорот на својата комедија „[[Придружничка (драма на Пјер Корнеј)|Придружничка]]“, каде со ироничен тон ги отфрлил наводите на Скидери и ги одбранил квалитетите на „Сид“.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 19-20.</ref>
Во годините по неговиот раскин со Ришелје, Корнеј го напишал своето најдобро дело „[[Сид]]“ (''Le Cid'') ([[арапски]]; ''Al sayyid''), засновано врз драмата ''Mocedades del Cid'' (1621) од [[Гијем де Кастро]] (''Guillem de Castro''). Инаку, двете драми се темелат врз [[легенда]]та за Родриго Дијаз де Вивар (''Rodrigo Díaz de Vivar'') (со прекар ''El Cid Campeador''), воена фигура во Средновековна [[Шпанија]].

Во полемиката со Корнеј, Скидери бил победен, но веднаш потоа дошол нов напад од непознатиот поет Клавре (''Clavret'') кој го напишал навредливото „Писмо“ (''Lettre'') против Корнеј, кој лесно го победил и тој противник. Меѓутоа, неговите противници, поддржани од кардиналот Ришелје, не мирувале и како последица на тоа, улиците биле преплавени со бројни памфлети за и против Корнеј. Бидејќи публиката застанала на страната на Корнеј, Скидери го заинтересирал Ришелје за дебатата, а потоа предметот на расправата ја изнесол пред [[Француска академија|Академијата]]. Во однос на улогата на Ришелје во дебатата за „Сид“ постојат бројни истражувања, од кои е јасно дека тој застанал на страната на непријателите на Корнеј. Академијата, која штотуку била формирана, не сакала да се стави на едната или на другата страна и за да се извлече од дебатата се повикала на својот статут според кој не можела да се искаже за живи писатели доколку тие не го побараат нејзиното мислење. На почетокот, Корнеј не сакал да се согласи со тоа, но по директното барање од Ришелје, тој неодредено ѝ оставил на Академијата да одлучи дали ќе одлучува по барањето на Скидери, така што таа формирала тричлена комисија. Комисијата, раководена од Шаплен, составила извештај, но според Ришелје тој бил здодевен и потоа биле составени втор и трет извештај, но Ришелје повторно бил незадоволен. Поради тоа, на Шаплен му било наложено самиот да состави извештај врз основа на претходните извештаи и притоа да ги земе предвид забелешките на Ришелје. По пет месеци, во 1637 година, Шаплен го составил извештајот познат по насловот „Мислење на Француската академија за трагикомедијата Сид“ (''Les sentiments de l'Académie Française sur la tragi-comédie du Cid''). Критиката изложена во извештајот била умерена и блага, но сепак била пристрасна и неправична. Во неа, во блага форма, се тврдело дека предметот на драмата е лош затоа што е неверојатен, дека авторот не се придржувал кон правилото за единството на дејството, времето и просторот, особено во однос на правилата за местото и за времето (дејството во драмата трае 35 наместо 24 часа). Крајно разочаран и навреден, Корнеј се повлекол од дебатата, но неговите пријатели продолжиле да ги бранат него и „Сид“. Меѓу приврзаниците на Сид особено се истакнал писателот [[Гез де Балзак]], а подоцна нему му се придружил и Буало кој во својата деветта сатира од 1667 година ги вклучил прочуените стихови во одбрана на Корнеј:<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 20-23.</ref>

„Напразно против Сид еден министер организира завера,

Сиот Париз на Химена гледа со очите на Родриго.

Напразно целата Академија го осудува:

Револтираната публика упорно од него се восхитува.“

Оригиналното издание на драмата од 1637 година е со поднаслов трагикомедија, со што јасно дава до знаење дека намерно не ја почитува класичната поделба на трагедија и комедија. Иако „Сид“ постигнува огромен успех, станува предмет на жестока дискусија во врска со нормите на драмската практика, позната како „Расправа за Сид“ (''Querelle du Cid''). Француската академија на Кардиналот Ришелје го признала успехот на драмата, но била одлучна дека драмата е неправилна, делумно затоа што не ги почитувала класичните единства на време, место и дејство (единството на време пропишува дека сите дејства во една драма мора да се одвиваат во времена рамка од дваесет и четири часа, единството на место дека мора дејството да се одвива само на едно место, а динството на дејство, дека содржината мора да биде сконцентрирана околу еден единствен конфликт или проблем). Новоформираната Академија претсавувала тело кое ја осигурувало државната контрола над културната активност. Иако обично се преокупирала со правењето напори за стандардизација на Францускиот јазик, лично Ришелју наредил да се направи анализа на „Сид“.
Биле подигнати обвинувања за неморал на драмата, во форма на една позната кампања со памфлети. Овие напади се базирале врз класичната теорија дека театарот е место на обликување на моралот. Сугестиите на Академијата во врска со драмата се изразени во делото на [[Жан Шапелен]] (''Jean Chapelain''), ''Sentiments de l'Académie française sur la tragi-comédie du Cid'' (1638). Дури и истакнатиот писател Жорж де Скудери остро ја критикувал драмата во неговото дело ''Observations sur le Cid'' (1637). Расправијата станала преголема за Корнеј, кој одлучил да се врати во Руен.