Тиквешки НОПО „Добри Даскалов“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“''' бил формиран на 14 мај 1941 година, кога биле пре...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“''' бил формиран на 14 мај 1941 година, кога биле престроени борците од партизанскиот одред и била положена партизанска заклетва. Најголем дел од борците биле од [[Кавадарци]] и [[Неготино]], кавадаречките села [[Ваташа]], [[Шивец]], [[Радња]], но имало и борци од Велес и од Скопје. Го викале Тиквешки партизански одред, бидејќи скоро 90 проценти од борците биле токму од овој крај.
 
Одредот, го добил името „Добри„[[Добри Даскалов”Даскалов]]” по предлог на [[Димката Ангелов ГабероГаберот]], со што јасно ставил до знаење дека борците ја продолжуваат борбата на некогашните илинденци.
 
Штабот на одредот го сочинувале Димката Ангелов Габерот, политички комесар, Никола Минчев Јане, командант на одредот, Лазар Калаџиевски Добри, заменик-командант и Петар Пепељуговски, заменик-политички комесар. Уште првиот ден одредот ја почнал првата акција во селото Ресава.
Ред 13:
Загинале и командирот на првата чета Ило Виларов од Неготино, Пано Мударов и активистот од селото Галиште, Стојан Крстев.
 
На 13 јуни 1943 година бугарите стрелале неколкумина родители на партизаните од селото Шивец, а стрелале и две постари жени, мајки на револуционери од Кавадарци, Фруса Чедомирова и Рајна Соколова. Исто така со бомби биле разурнати неколку куќи во Кавадарци, Ваташа и во други села од Тиквешијата. Меѓутоа кулминацијата на сите овие ѕверства бил на 16 јуни, со [[Масакр во Ваташа|стрелањето на дванаесетте ваташки младинци]] од селото Ваташа.
 
Одредот во помали групи се префрлил во Егејска Македонија во реонот на Зборско, каде биле организирани неколку курсеви за ракување со оружје и неколку тактички вежби со борците. Едни помали групи од одредот заминале во Тиквешијата и вршеле помали акции, а со одлука на Главниот штаб на НОБ и партизанските одреди на Македонија, на 24 септември 1943 година од одредите „Добри Даскалов”, гевгелискиот одред „Сава Михајлов”, како и од делови од битолскиот партизански одред „Гоце Делчев”, бил формиран батаљонот „Страшо Пинџур”, втората поголема регуларна единица во Македонија. Само триесетина дена покасно, од дел од тиквешките борци бил формиран уште еден батаљон, вториот батаљон на третата оперативна зона. Овие два батаљона претставувале јадро од кое била формирана прославената [[Втора македонска ударна бригада|Втора македонска народноослободителна ударна бригада]].
 
[[Категорија:Одреди во НОВМ]]