Разлика помеѓу преработките на „Евгениј Онегин“

Додадени 272 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
'''Онегин''' е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на [[19 век]]. Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник, [[Странствувањето на Чајлд Харолд|Чајлд Харолд]]. Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја „средна линија“, посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.
 
Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа. Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување. Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности. Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор. И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа без проблем го убива на двобој Ленски.
 
'''Ленски''' е поларна спротивност на Онегин. Млад поет кој пишува наивно, но е со вистинско чувство во неговата потрага по вистината и љубовта кон Олга. Тој е поборник за германскиот романтизам. Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.
 
'''Татјана''' гие поседувамеланхолична, ситеконтемплативна особинии штоповлечена јаќерка праватна еднапровинциски женскасопственик. природаТаа богата:има интелигенцијачисто, спонтаност,искрено мечтателностсрце и беспрекорнаја сака природата и француски моралнаљубовни чистотаромани. На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама. Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.
 
Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот [[Петроград|петроградски]] слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.
496

уредувања