[[Податотека:Flag of Bosnia and Herzegovina (1992-1998).svg|thumb|200px|Грбот со лилјани, национален симбол на Бошњаците (поранешно државно знаме на БиХ)]]
'''Бошњаците''' ([[босански јазик|босански]]: ''Bošnjaci'') се [[Јужни Словени|јужнословенски]] народ]] што живее главно во [[Босна и Херцеговина]] и регионот [[Санџак]] во [[Србија]] и [[Црна Гора]]. Има и Бошњачки заедници во околните балкански земји, [[Европа]] и [[Америка]]. Нивната бројност е нешто помалку од 3 милиони. Тие се главно потомци на словенското население на средновековна Босна кое било [[Ислам|исламизирано]] за време на [[Отоманска Империја|отоманското]] владеење. Нивната главна одлика е нивната муслиманска вероисповед, приврзаноста кон [[Босна (регион)|Босанскиот историски регион]], заедничката култура, а зборуваат на [[босански јазик]], кој е речиси идентичен на српско-хрватскиот јазик. Повеќето презимиња на Бошњаците завршуваат на -иќ. [[Босански јазик|Босанскиот јазик]] е официјален јазик во [[Босна и Херцеговина]].