Социјалистичка Федеративна Република Југославија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 168:
== Јазици ==
[[File:Map of the republics of Yugoslavia mk.svg|мини|лево|300п|Југословенските републики со главните градови.]]
Населението на Југославија зборувало три јазици, [[Српскохрватски јазик|српскохрватски]], [[Словенечки јазик|словенечки]] и [[Македонски јазик|македонски]].<ref name="Institutions of Advanced Societies">Rose, Arnold M.; ''Institutions of Advanced Societies''; U of Minnesota Press, 1999 ISBN 0-8166-0168-2</ref> Српскохрватскиот бил зборуван од населението во федералните републики [[Социјалистичка Република Босна и Херцеговина|СР Босна и Херцеговина]], [[Социјалистичка Република Србија|СР Србија]], [[Социјалистичка Република Хрватска|СР Хрватска]] и [[Социјалистичка Република Црна Гора|СР Црна Гора]] - со тотални говорители, 12,390,000 луѓе во тоа време. Словенечкиот бил зборуван од 1,400,000 жители на [[Социјалистичка Република Словенија|СР Словенија]], додека македонскиот бил зборуван од 931,000 жители на [[Социјалистичка Република Македонија|СР Македонија]]. Исто така националните малцинства го употребувале нивниот мајчин јазик - 506,000 луѓе зборувале [[унгарски]] (најмногу во [[Социјалистичка Автономна Покраина Војводина|САП Војводина]]) и 780,000 луѓе го употребувале [[албанскиот јазик]] во [[Социјалистичка Автономна Покраина Косово|САП Косово]] и [[Социјалистичка Република Македонија|СР Македонија]]. [[Турски јазик|Турскиот]], [[Романски јазик|романскиот]] и [[Италијански јазик|италијанскиот]] исто така биле зборувани, но во помал степен.
 
Трите главни јазици се меѓусебно доста слични, сите три припаѓајќи на семејството на [[Јужнословенски јазици]]. На тој начин повеќето од луѓето се разбирале меѓусебе незавнисно на која држава припаѓаат. Српскохрватскиот јазик е составен од три дијалекта, [[Штокавско наречје|штокавски]], кајкавски и чакавски со тоа што Штокавскиот бил употребен во стандардниот литературен јазик. Официјалниот српскохрватски (штокавски), бил поделен на две слични варијанти, хрватска и српска варијанта, со мали разлики кои ги одделувале една од друга.