Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
rv
Ред 29:
На [[Македонски парламентарни избори (2002)|парламентарните избори во 2002 година]] ВМРО-ДПМНЕ настапила во коалиција со [[Либерална партија на Македонија|Либерална партија]], но ги изгубила изборите и преминала во опозиција. На партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година Георгиевски се повлекол од лидерската позиција, а на негово место за претседател на партијата е избран [[Никола Груевски]]. Следната година ВМРО-ДПМНЕ доживеала пораз на [[Македонски претседателски избори (2004)|претседателските избори]]. Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ [[Сашко Кедев]] бил поразен од [[Бранко Црвенковски]].
 
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победила на [[Македонски парламентарни избори (2006)|парламентарните избори во 2006 година]] и партијата формирала [[Влада на Република Македонија од 2006|влада на чело со Груевски]]. На 15 мај 2007 година, ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со статус набљудувач во [[Европска народна партија|Европската народна партија]]. На [[Македонски парламентарни избори (2008)|предвремените парламентарните избори во 2008 година]] коалицијата „За Подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 63 пратеници и оформила коалициска влада со [[ДУИ]] која траела до 2016. На [[Македонски парламентарни избори (2008)|предвремените парламентарните избори во 2016 година]] партијата иако освоила најмногу гласови, преминала во опозиција откако ДУИ решила да коалицира со [[СДСМ]].
 
==Унија на млади сили==