Пјер Корнеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 45:
</ref>
Во тоа време, Корнеј работел на својата прва [[трагедија]] „[[Медеја (драма на Пјер Корнеј)|Медеја]]“ (''Médée''), која била прикажана во 1635 година. Во неа биле впечатливи новите квалитети кои подоцна станале препознатлив знак на Корнеј, така што драмата била прифатена со воодушевување од критиката и од публиката. Корнеј бил задоволен од успехот, но не и занесен, туку продолжил неуморно да работи. Во тоа време, тој се заинтересирал за [[Шпанска книжевност|шпанската книжевност]] и за шпанските теми, а се смета дека за тоа бил заслужен поранешниот секретар на [[крал]]ицата [[Марија де Медичи]], де Шалон, кој по своето повлекување од службата живеел во Руан и таму го запознал Корнеј. Како последица на новиот интерес, Корнеј ја напишал комедијата „Комична илузија“ (1636) која обработува шпанска тема, иако таа била претставена претерано и карикатурално. Неколку месеци подоцна, кон крајот на 1636 година, Корнеј ја создал трагикомедијата „[[Сид]]“, која исто така се занимава со шпанска тематика.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 12-13.</ref>
</ref>
 
=== Расправата за Сид ===