Света Елена (царица): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Таа е важна личност во историјата поради сопствените достигнувања и активности, а не само затоа што е мајка или жена на некој.
(нема разлика)

Преработка од 20:05, 9 мај 2017

Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште ѝ како Света Елена, Елена Августа и Елена од Константинопол (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот император Констанциј I Хлор и мајка на императорот Константин Велики.

Света Елена
мајка на Константин Велики
Роден(а) околу. 246/50, Хеленополис
Починал(а) околу. 330, Константинопол, Римска Империја (денешен Истанбул)
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Православие
Древноисточни цркви
Црква на Англија
Лутеранска црква
Главно светилиште Базилика Свети Петар
Слава 18 август (Римокатоличка црква); 21 мај (Православие, Англиканство & Лутеранство); 19 мај (Лутеранска црква); Коптска православна црква)
Обележја Вистински крст
Заштитништво археологист, прекрстување, разведени луѓе, царицата, Света Елена остров
Света Елена со Светиот крст

Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и Православната црква таа се смета како светец. Писателот од ранохристијанската епоха, Сократ Схоластик, пишува за откривањето на Светиот Крст. Според него, Света Елена, мајка на византискиот цар Константин I Велики (првиот император кој прво ја признае христијанската вера, а подоцна и ја прошири) тргнала во потрага на останките на Исус Христос. Тргнувајќи кон Светата Земја, таа основила многу цркви и основала здруженија за помагање на сиромашните и бедните. По престигнувањето во Ерусалим, било откриено местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на ридот Голгота. Во близина биле откриени и трите крста, на кои биле распнати Исус Христос и двајцата крадци, Димас и Гестас. Со чудо бил откриен кој од трите крста е вистинскиот осносно на Исус Христос.

Таа исто така е поврзана со основањето на Ватиканските градини.

Надворешни врски