Јосиф Михајловиќ - Јурукоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
 
== Дела ==
Ретко кој се запрашал кој бил градоначалник на Скопје кога се изградил градскиот водовод од изворот „Рашче“ кај селото [[Радуша]], кога се подигнала хидроцентралата „Матка“ на реката Треска, зградата на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]], старата железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот во 1963 година), "Зеленото пазарче" до зградата на Парламентот, Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот), старата зграда на [[Народна Банка на Македонија|Народната Банка на Македонија]] (исто така разурната во земјотресот), градскиот парк и зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот, проширувањето на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на [[Скопје]], машката гимназија „Кирил и Методиј“ и женската гимназија „Кралица Марија"“ ја обновил опожарената библиотека на Иса бег каде се наоѓала и книгата на најславниот лекар ХипокритХипократ на арапски јазик, што на латински се превела дури во 16 век на запад. Неговиот мандат траел седум и пол години
 
Освен овие дела, за време на неговиот мандат биле изградени дваесетина училишта, над 280 километри градски улици, воените скривници, проширена била градската болница, изградена нова градска кланица, изградени над 20 сообраќајни крстосници кои и денеска се користат, надвозници, мостови, пристапни и излезни патишта, неколку тениски и две фудбалски игралишта и детското одморалиште „Горно Водно“. Бил дел од тимот кој ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград.