Берта Моризо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
| works =
}}
'''Берта Моризо''' ({{lang-fr|Berthe Morisot}}); ({{родена во|БуржБуржe}}, {{родена на|14|јануари|1841}} — {{починат во|Париз}}, {{почината на|2|март|1895}}) - француска [[импресионизам|импресионистичка]] [[сликар]]ка, единствена жена која се изложила на „првата изложба на импресионистите“ во [[1874]] година.
 
==Биографија==
Моризо е родена во [[БуржБуржe]], во [[Франција]] во имотно буржоаско семејство. Таа како и нејзината сестра [[Едма Моризо]] одлучуваат да станат сликарки; кога Берта ќе ги увери нејзините родители за сериозноста на нејзината одлука, надиува на негодуавње. Нејзините родители не сакале нивните ќерки да бидат сликарки.
 
На 20-годишна возраст се сретнува и се спријателува со важен сликар на пејсаж, припадник на [[Барбизонската школа]], [[Камиј Коро]]. Стариот сликар почнал да ги учи Берта и нејзината сестра на основите на сликањето, и исто така им ги претставувал на другите сликари и учители. Под влијание на Коро, Моризо почнува да се ограничува само на сликање во природа. Како студенти по уметност Берта и Едма почнуваат да работат заедно, сè до завршувањето на кариерата на Едма со нејзиното венчавање, после кое брзо добива деца на кои потполно им се посветува немајќи повеќе време за интензивно сликање како што имала Берта. Сочуваните писма меѓу двете сестри и денес ја покажуваат нивната заемна љубов и разбирање, и посебната врска која ја имале помеѓу себе, но која била проследена со каење на Берта заради нивната оддалеченост, како и повлекувањето на Едма од уметноста. Едма до крајот на својот живот продолжува да ја поддржува уметноста на Берта, и така семејствата на двете сестри ќе останат блиски до крајот.