Дејан Станковиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
Таму Станковиќ играше во сите годишни категории во клубот од неговиот роден град. Во младинските тимови, му беше тренер [[Пижон Петровиќ]], тој играше заедно со идните професионалци [[Никола Лазетиќ]] и [[Ненад Лалатовиќ]]. За време на сезоната 1994/95 година, дебитантската можност за настап во првиот тим му ја обезбеди главниот тренерот [[Љубко Петровиќ]] против градскиот ривал [[ОФК Белград]]. Тој се бореше за местото во тимот, покрај другите, [[Рамбо Петровиќ]], [[Дарко Ковачевиќ]] и [[Небојша Крупниковиќ]], таа сезона,16-годишниот Дејан настапи на 7 натпревари, додека екипата ја освои титулата во лигата. Тој својот прв гол го постигна против [[Будучност|Будуќност]], [[Подгорица]], и кратко потоа стана редовен првотимец и омилен меѓу навивачите. Пред почетокот на сезоната 1997/98 година, тој стана капитен на составот на рана возраст од само 19 години, најмлад во клубската историја. Иако не освоија прво место во лигата тој го предводеше тимот до освојување на два купови во домашното првенство. За време на раните 90-тите години, [[ФК Црвена ѕвезда|Црвена Ѕвезда]] доби меѓународна казна поради санкциите на [[СР Југославија]] од [[ОН]], што значеше дека клубот неможе да се натпреварува во ниту едно [[европско првенство]]. Казната беше повлечена во сезоната 1996/97 година, Станковиќ играше голема улога во меморијалната вкупна победа против [[ФК Кајзерслаутерн|Кајзерслаутерн]] во купот на куповите.
=== Лацио ===
Во летото 1998 година, тој направи трансфер од 12 милиони евра ( 24 милиони германски марки) во [[СС Лацио|Лацио]], каде што првиот погодок во серија А го постигна на неговото деби против [[Пијаченца]] на 13-ти септември 1998 година. За време на тие години, Лацио имаше екипа со ѕвезди со играчи од светска класа на скоро секоја позиција, сепак Станковиќ брзо обезбеди редовно место во првиот тим, покрај натпреварот меѓу соиграчите од средниот ред [[Павел Недвед]], [[Хуан Себастијан Верон]], и[[Диего Симеоне]], [[Роберто Манчини]], [[Клаудио Лопез]], [[Кристијан Виери]] и многу други. Тој направи извонредна средишна комбинација заедно со [[Павел Недвед|Недвед]] и Манчини и беше битен дел во успешниот Лацио во таа декада. Со неговата упорност во работата и импресивните настапи тој од навивачите го доби прекарот [[Ил Драгоне]] (змејот). Тој имаше пет и пол успешни сезони во небесно сините дел од [[Рим]], пред да настане големиот премин во [[ФК Интер]] во фебруари 2004 година.
=== Интер ===
Станковиќ сезоната 2003 /04 година ја започна во Лацио, небесно-сините се бореа со финансиски проблеми и беа принудени да продадат голем дел од нивните најдобри играчи. Големите тимови вo европскиот фудбал знаеа дека клубот ќе мора да го продаде средниот играч во блиска иднина, па имаше жесток натпревар за негово купување за време на зимскиот преоден рок во сезоната 2003-04 година. Фаворит во трката за потписот на србинот беше [[Јувентус]] со кој што се зборува дека има неколку потпишани претпристапни договори помеѓу двете страни на полетокот на јануари во 2004 година, но играчот конечно го одбра [[Интер]]. Тој беше купен како дел од договорот кој е вреден 4 милиони евра што исто така во спротивна насока го испрати македонскиот интернационалец [[Горан Пандев]] (плус 50% од договорто на Пандев). Фактот дека неговиот стар пријател, поранешен соиграч, и менаџер на Лацио, [[Роберто Манчини]] за кого имаше шпекулации дека наскоро ќе го преземе клубот Интер, и тоа може да има влијание врз одлуките со Станковиќ. На почетокот на февруари 2004-тата година, Станковиќ го играше својот дебитански натпревар за Интер под менаџерот [[Алберто Закерони]], во серија А каде што извојува голема победа на домашен терен против [[Сиена]] со 4-0. На 21 февруари 2004 година, тој постигна спектакуларен гол директно од [[корнер]] со кој Интер победи со 1-0 во градското дерби против вечниот ривал [[ФК Милан|Милан]]. Интер ја заврши лигашката сезона на 4-тото место со што обезбеди квалификација во лигата на шампионите. Тогашниот и сегашен претседател [[Масимо Морати]], не беше задоволен од Закерони на крајот од сезоната, и како што беа гласините, тој го ангажираше Манчини, кој дојде од финансиски потонатиот Лацио.