Тартиф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62:
 
Како и бројни други големи дела, „Тартиф“ може да биде сфатен на повеќе начини. Уште со првобитниот наслов „Тартиф или лажливец“ Молиер сакал да се одбрани од нападите на католиците, нагласувајќи дека ги исмејува само лицемерите, а не и вистинските верници. И во самото дело има [[стих]]ови што ја потврдуваат таа теза. Сепак, постојат и мислења дека на тој начин авторот само сакал вешто да се одбрани од потенцијалните напади на непријателите. Навистина, членовите на моќната [[организација]] „Света причеста“ истакнувале дека неговата критика се однесува на сите побожни луѓе. Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силно прикажана што на [[режисер]]ите и на глумците им дозволува широки можности за интерпретација. Исто така, темата воопшто не е локална, туку универзална бидејќи, покрај луѓето кои цврсто веруваат во одредени идеи, секогаш ќе постојат и лицемери. Вештината на Молиер во ова дело се состои не само во прикажувањето на главниот лик, туку и во извонредната постепеност на дејството која што делумно е расипана со брзоплетиот и неверојатен расплет.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref>
 
==Критички осврт кон делото==
„Тартиф“ зазема едно од централните места во творештвото на Молиер, како по силната сатира содржана во делото, така и според книжевно-естетските и сценските квалитети. Во прв ред, „Тартиф“ е сатира на лажната набожност, но делото се толкува и како сатира на [[религија]]та, воопшто. Така, освен Оргон и неговата мајка, сите други ликови во делото се лишени од религиозност при што тие се насликани така што симпатиите на читателот се на нивната страна. Токму поради оваа црта во делото, Молиер бил остро нападнат од клерикалните кругови кои се труделе да го забранат прикажувањето на комедијата. Во продолжение, „Тартиф“ претставува автентично остварување и според книжевно-сценските квалитети, одликувајќи се со [[Класицизам|класицистичките]] поставки на единство, точност, мера и јасност. Притоа, сцените течат една по друга и секоја сцена ја најавува следната, а ликовите се насликани мајсторски. Исто така, [[стих]]овите, напишани во александриски стил, се одликуваат со висок квалитет. Единствената забелешка што критичарите ја упатуваат кон делото е поврзана со неочекуваниот крај, кога [[крал]]от се јавува како спасител на ситуацијата. Всушност, станува збор за постапката „deus ex machina“ која Молиер ја презел од античката драма.<ref>Божидар Настев, „Поговор“, во: Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 118-120.</ref>
 
==Изданија на македонски јазик==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тартиф