Тартиф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎За ликот Тартиф: дополнување
→‎Наводи: дополнување
Ред 62:
 
Како и бројни други големи дела, „Тартиф“ може да биде сфатен на повеќе начини. Уште со првобитниот наслов „Тартиф или лажливец“ Молиер сакал да се одбрани од нападите на католиците, нагласувајќи дека ги исмејува само лицемерите, а не и вистинските верници. И во самото дело има [[стих]]ови што ја потврдуваат таа теза. Сепак, постојат и мислења дека на тој начин авторот само сакал вешто да се одбрани од потенцијалните напади на непријателите. Навистина, членовите на моќната [[организација]] „Света причеста“ истакнувале дека неговата критика се однесува на сите побожни луѓе. Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силно прикажана што на [[режисер]]ите и на глумците им дозволува широки можности за интерпретација. Исто така, темата воопшто не е локална, туку универзална бидејќи, покрај луѓето кои цврсто веруваат во одредени идеи, секогаш ќе постојат и лицемери. Вештината на Молиер во ова дело се состои не само во прикажувањето на главниот лик, туку и во извонредната постепеност на дејството која што делумно е расипана со брзоплетиот и неверојатен расплет.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref>
 
==Изданија на македонски јазик==
===Издание на „Македонска книга“ од 1970 година===
Книгата излегла во рамките на [[библиотека]]та „[[Атлас (митологија)|Атлас]]“, во препев на [[Лазо Каровски]]. Техничкото уредување и нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Љупка Лазарова. Книгата била отпечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во август 1970 година, а во тираж од 10.000 примероци.<ref>Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970.</ref>
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тартиф