Општина Кривогаштани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 29:
На запад од [[Кривогаштани]] е [[Бушова Планина]], а на југ, исток и север се простира [[Пелагонија]]. Општината лежи на надморска височина од околу 610 метри. Кога станува збор за сообраќајната поврзаност и географската местоположба не може а да не се спомне дека Општината и најголемата нејзина населба, [[Кривогаштани]], претставува вистинска крстосница, бидејќи тука поминуваат главните патишта кои ги поврзуваат блиските градови. Имено, источно од [[Кривогаштани]] е градот [[Прилеп]], кој е оддалечен 19 километри, а на запад се наоѓа [[Крушево]], од Кривогаштани оддалечено 11 километри. Кон југ, т.е кон [[Демир Хисар]] води асфалтен пат, кој кривулесто минува низ селски населби, а потоа продолжува кон [[Битола]]. Исто така и кон север води асфалтен пат кон селото [[Ропотово]], од каде продолжува кон [[Македонски Брод]].
Климата, како и во целата пелагониска рамница, па така и во [[Кривогаштани]] е изменето средоземноморска. Врнежите се движат од 700 до 900 милиметри воден талог во текот на годината. Тие се најинтензивни во пролет и есен, а првиот снег обично паѓа кон крајот на ноември или во почетокот на декември. Ветровите дуваат во текот на целата година, но најинтензивно во пролет и есен.<ref>Републички завод за статистика, Скопје</ref>
Покрај [[Кривогаштани]], освен [[Црна Река]] која со мал дел влегува на територијата на Општината не поминуваат некои други позначајни реки, а исто така нема ни езера. Реките кои што минуваат во близина на [[Кривогаштани]] се мали и главно пресушуваат во текот на летниот период. Најблиска река до населбата е Крушевско-норовската река која со вода се храни главно од Крушевското Езеро, а се наоѓа западно и југозападно од Кривогаштани. Оваа река се влива во реката [[Блато (река)|Блато]] која е источно од [[Кривогаштани]].
 
Според картографијата на Македонија, и според катастарските општини, во рамките на Општина Кривогаштани има четири аномалии. Првата амомалијааномалија е тоа што се означува историското село Мирче Ацев, а атарот на селото не се бележи и најверојатно е во склоп на селото Врбјани, иако на катастарската карта на Македонија е во склоп на селото Големо Коњари. Втората аномалија е што во рамките на Општина Кривогаштани има атарско земјиште на селото Големо Коњари, кое пак е дел од Општина Прилеп. Атарскиот дел на Големо Коњари во Општина Кривогаштани е меѓу атарите на селата [[Славеј (село)|Славеј]] и [[Кривогаштани]]. Третата аномалија, за која нема никакви податоци, е означувањето на некое селот Караѓорѓево и неговиот атар. На картите се бележи веднаш до селото Славеј. Сепак, не постојат никакви докази дека имало вакво село, ниту пак некакви материјални докази. Атарот е најверојатно дел од атарот на селото Славеј (така е означено на нашата карта), [[Заполжани]] или [[Вранче]] (последните две села се од [[Општина Долнени]]). Четвртата аномалија, која може да се види на катастарската карта на Македонија, е тоа што селото Славеј е сместено во рамките на атарот на селото Врбјани, а самиот атар на селото Славеј е оддвоено и се наоѓа после делот на Големо Коњари.
 
== Историja ==