Моноспитово: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 32:
 
Во текот на [[19 век]], селото било чисто македонско. Во „[[Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника]]“ , издадена во [[Цариград]] во [[1878]] година и статистиката на машкото население од [[1873]], селото се состоело од 120 семејства и 437 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 188-189.</ref>Според статистиката на [[Васил К’нчов]] („[[Македонија. Етнографија и статистика]]“) во [[1900]] година селото имало 1300 жители [[Македонци]]<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>[http://www.promacedonia.org/vk/vk_2_10.htm Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.]</ref>.
 
Освен странските пропаганди, во Моноспитово исклучливо силна била и [[Протестантска пропаганда во Македонија|протестантската пропаганда]]. [[Евангелско-методистичка црква (Моноспитово)|Евангелската црква]] била отворена во [[1884]] година. Еден од најзаслужните за ширењето на протестантството имале Ставре Тимов, богат граѓанин од [[Струмица]], кој во Моноспитово имал и свој чифлик и Спасо Бушев од самото село. Освен црква, во селото било отворено и протестантско училиште во [[1890]] година<ref name="ССНИ">Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.</ref>. Во теекот на овој период значително пораснал и конфликтот на грчката црква против протестантите. Така, во 1884 година во дворот на Спасо Бушев се собрале поголема група селани, за да чујат што ќе им кажат протестантските мисионери, по клеветите од владиката, биле затворени десет лица, осум од Моноспитово и двајца од Струмица<ref name="ССНИ"></ref>.
 
Селото било под влијание на [[Бугарска егзархија|Бугарската егзархија]]. Според податоците на секретарот на егзархијата [[Димитар Мишев (публицист)| Димитар Мишев]] („[[La Macédoine et sa Population Chrétienne]]“) во [[1905]] година во селото живеале 976 македонски егзархисти и 184 македонски протестанти. Освен тоа, во селото работело и едно егзархиско училиште<ref name="БИМ">{{БИМ}}</ref><ref>Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.</ref>.
 
По создавањето на [[ВМОРО]], раководители на месниот комитет станале [[Атанас Галев]], Трајко Барбутов - Штерко, Мито Маневски и Андон Попов<ref>[http://macedonian.atspace.com/knigi/adz_sp.htm „Премрежињата на македонското револуционерно движење - Спомени“, Скопје, 2006 г., Спомени на Атанас Џолев]</ref>. Во меѓусебните дописи, тие за месните села употребувале псевдоними. Така, за селото Моноспитово го употребувале псевдонимот „Беласица“. Тие биле стрелани од српска милиција на [[25 мај]] [[1925]] година меѓу градот Струмица и селото Дабиле, поради нивната револуционерна ангажираност во ВМРО на [[Тодор Александров]]<ref>ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ РЕВОЛУЦИОНЕРНИ ДЕЈЦИ ОД СТРУМИЦА И СТРУМИЧКО ВО ВРЕМЕТО ОД ОСНОВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА ДО ПОЧЕТОКОТ НА БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ (1893 – 1912/13), Бранко Ѓоргиев</ref><ref>Гелев, Димитар. Белиот Терор во Југоисточна Македонија 1910-1941, Друштво за наука и уметност, Штип 1991, стр. 246.</ref>. Во средината на декември 1905 година, војводата [[Крсто Ѓоргиев Новоселски]] најпрвин бил опкружен во село Костурино, но тој успеал ранет од престелката да побегне во Моноспитово, каде откако повторно бил опкружен од турската војска, тој се самоубил. Во август [[1907]] година бил свикан редовен околиски конгрес во близина на селото [[Куклиш]], но поради предавство на еден грчки агент, следувала битка во која тројца комити со потекло од Моноспитово биле убиени. Комитетот бил повторно откриен кон крајот на [[1909]] година од [[Христо Чернопеев]] и [[Михаил Думбалаков]], а на чело застанал стариот деец [[Христо Џолев]]<ref>Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 65</ref>.
 
По започнувањето на [[Балканските војни]], од селото 34 лица биле доброволци во [[Македонско-одрински доброволни чети|Македонско-одринските доброволни чети]].<ref>„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 864.</ref>Од разните чети во кои биле вклучени и Струмичани била и онаа која дејствувала под раководство на 26-годишниот војвода [[Иван Попвелков]] од село Моноспитово, од каде што имало и најголем број учесници во овие доброволни дружини не броејќи го самиот град Струмица. Од вкупно 34 луѓе кои зеле учество во војната, 10 од нив биле во четата на [[Иван Попвелков]], кои подоцна се приклучиле кон создадените три нови Македонско-одрински дружини на самиот Тракијски фронт<ref name="Балкански војни"></ref>. Подоцна, со Орден за храброст од селото бил награден Евтим Василев.
 
Селото било ослободено од османлиската власт од четите на Думбалаков и Хаџиманов<ref>Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ II, София, 1937, стр. 167 - 168, 177 - 178.</ref>. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на ѕверства. Селото Моноспитово било изложено на грабеж од грчките војници. Во Моноспитово Грците дошле со намера да го запалат селото и малтретирале и убиле неколку мажи и жени. Напуштајќи го ограбеното село, Грците им се заканиле на селаните дека пак ќе се вратат и ќе стават ,,под нож‘‘ сѐ што ,,е македонско‘‘<ref name="Балкански војни">Струмица и Струмичко во времето на Балканските војни и Букурешкиот мировен договор, Завод за заштита на спомениците и културата и музеј на Струмица, 2013.</ref>.
 
===Југословија===
По крајот на [[Првата светска војна]], според [[Нејски мировен договор|Нејскиот мировен договор]], селото било вклучено во составот на [[Кралство СХС]]. Во него била формирана селска чета на [[ВМРО]] од легални дејци на организацијата. Војвода бил Данчо Алаџов, помошник Тошо Бонев, Кољо Бансколиев, Пандо Попов, Пандо Крстев, Панзо Домазетов, Илија Делчев, Тушо Паунов, Наце Пенкин - Џонето, Атанас Џонев и други.
 
Во текот на 1930-тите и 1940-ите години, во регионот имало голем процент на заболени од [[маларија]]. Ова главно се должело и на големиот број на мочуришта во регионот, пред се Моноспитовското Блато. Во текот на овој период била отворена и првата здраствена установа во селото.По крајот на [[Втората светска војна]], Моноспитово било вклучено во рамките на [[СР Македонија]], во составот на [[СФРЈ]].
 
===Македонија===
 
По распаѓањето на [[СФРЈ]], селото формално било вклучено во составот на [[Република Македонија]]. Според [[Територијална организација на Република Македонија|територијалната организација на Република Македонија]], селото припаѓа на [[Општина Босилово]].
 
== Демографија ==