Глаголски вид: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: pt:Aspecto gramatical |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
{{Лингвистика-никулец}}
Во [[лингвистика]]та, под '''глаголски вид''' или '''аспект на глаголот''' се подразбира формалното својство на [[глагол]]от коешто ја означува трајноста на дејството, односно неговото течење низ времето. Ова својство е најопшто, секако, различно од [[Глаголско време|глаголското време]], коешто го сместува дејствието во одредена временска рамка во однос на моментот на говорење. Но во многу [[Јазик|јазици]], глаголскиот вид или е врзан за одредено време или воопшто не постои како посебна глаголска категорија (барем [[Морфологија|морфолошка]]).
== Начин наспрема време ==
И глаголскиот вид и глаголското време ги опишуваат временските својства на дејствието означено со глаголот. Но, додека времето означува '''кога''' се одвива дејствието, видот означува '''како''' се одвива дејствието. Така, на пример, дејствието може да биде: трајно, целосно, повторливо и сл. и за секое од овие својства би одговарал различен глаголски вид. Уште повеќе, секое време (би требало да) има форми за секој вид, па така едно глаголско време би можело, да речеме, да се пројави во различни глаголски видови, зависно од природата на глаголското дејствие.
Глаголскиот вид е карактеристичен за [[Индоевропски јазици|индоевропските]], [[Угрофински јазици|угрофинските]] и други јазични семејства. Но повеќето од современите индоеврпоски јазици не разликуваат ''вид'', туку само ''време'', во чие значење и во чија употреба е интегриран глаголскиот вид. Формално доследно глаголскиот вид сѐ уште се разликува кај [[Словенски јазици|словенските јазици]], вклучително и [[Македонски јазик|македонскиот]].
|