Врзан девизен курс: Разлика помеѓу преработките

с
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Пазар на валути; додадена Категорија:Девизен пазар користејќи го HotCat
Ред 16:
==Таргетирањето на девизниот курс во Македонија==
 
Во Македонија, таргетирањето на девизниот курс беше формално воведено во октомври 1995 г., иако [[Народна банка на Република Македонија]] (НБРМ), уште во пролетта 1994 г., започна да го одржува во тесни граници курсот на денарот во однос на [[германската марка]]. Преку врзувањето на денарот за германската марка и за политиката на [[Бундесбанка|Бундесбанката]], [[НБРМ]] упати јасен сигнал до јавноста дека е цврсто решена да се придржува кон дисциплинирана, неинфлаторна политика. Исто така, усвојувањето на оваа стратегија беше условено и од фактот дека Македонија е мала, отворена економија со високо учество на увозните [[фактори во производството]]. Најпосле, како дополнителен аргумент во прилог на фиксирањето на девизниот курс беше високиот степен на [[доларизација]] на економијата, т.е. раширената употреба на германската марка.
 
Стратегијата на таргетирање на девизниот курс се покажа како мошне ефективна во одржувањето на инфлацијата на ниско, едноцифрено ниво. Така, уште во првата година од примената на оваа стратегија (1996 г.), стапката на инфлација беше сведена на -0.6%. Исто така, во годините што следуваа, инфлацијата[[инфлација]]та се одржуваше на ниско ниво и, во тој поглед, Македонија спаѓа во групата на водечките земји во транзиција. Во продолжение, оваа стратегија успеа да обезбеди и одржување на стабилен курс на денарот во однос на германската марка на нивото околу 27 денари за една марка до средината на 1997 година, т.е. околу 31 денар за една марка потоа. Стабилноста на курсот на денарот продолжи и по прифаќањето на [[евро]]то како номинално сидро.
 
Што се однесува до успешноста на таргетирањето на девизниот курс од аспект на реалните варијабли, тука резултатите се измешани при што генерално не може да се даде позитивна оценка. Од една страна, уште во првата година на примената на таргетирањето на девизниот курс е забележан пресврт во движењето на производството[[производство]]то, т.е. по неколку години рецесија, остварен е пораст на реалниот [[бруто домашен производ]]. Ме|утоа, од друга страна, ниту оваа стратегија не успеа да даде позитивни резултати во поглед на [[невработеноста]] и надворешната нерамнотежа - два големи проблеми кои продолжуваат да ја мачат македонската економија.<ref>Горан Петревски, ''Монетарна политика - Теорија и искуството на Македонија'', Здружение за социо-економски развој, Скопје, 2005, стр. 238-246.</ref>
 
==Извори==