Предраг Мијатовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
Откако помина неколку години во младинскиот тим, 18 годишниот Мијатовиќ дебитираше во првиот состав во 1987-та година во завршетокот на сезоната 1986/87 година во југословенската лига, а негов тренер беше [[Милан Живадиновиќ]].
 
Во наредната сезона 1987/88 година тој стана стандарден играч во тимот кој беше под закрила на новопристигнатиот тренер [[Шапцо Поклеповиќ]]. Во октомври 1987 година како дел од југословенската младинска репрезентација кој се натпреваруваше и освои прво место во светското првенство за младински репрезентации во [[Чиле]], Мијатовиќ блескаше на тоа првенство. Играњето во Чиле значеше дека тој беше надвор од клубот цел октомври. Враќајќи се во клубот како херој, местото на младиот Мијатовиќ беше сугурно заедно со [[Дејан Савичевиќ]], [[Драгољуб Брновиќ]] и [[Бранко Брновиќ]]. Младото момче настапи на 31 лигашки натпревари и придонесе 4 гола со тоа што будучностБудуќност ја заврши сезоната на 9-тото место.
 
За време на зимскиот преоден рок 1989/90-та година, талентираниот 20- годишник беше блиску до потпишување договор со [[Хајдук Сплит]] по преговарањето со спортскиот директор [[Јурица Јарковиќ]] во вредност од 50 илјади гермаски марки дадени на играчот, но пред тој да се оствари претседателот на партизан [[Мирко Марјановиќ]] настапи на сцена и го убеди да премине во [[Белград]]. [[Партизан]] му исплати еден милион германски марки на [[Будучност]] за купувањето на Мијатовиќ во декември 1989-та година. Во подоцнешните интервјуа Мијатовиќ изјави дека застрашувачката политичка и безбедносна ситуација во Југославија беше клучен фактор во неговата одлука, да не премине во хрватски клуб.