Тренко Рујанов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q8014379 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Тренко Рујанов е роден во Прилепското село [[Крапа]], од каде доаѓа и неговиот прекар Крапјанин. Во 1895 година зема учество во [[Мелничко востание|Мелничкото востание]] на [[Македонски комитет|Македонскиот комитет]] како кичевски војвода со 9 души четници. Подоцна се приклучува во [[ВМОРО]]. Преминува на српска страна и предводи чета на [[Српска пропаганда во Македонија|српската пропаганда]], составена од организациски ренегати.
 
На 18 јуни 1905 година Тренко заедно со [[Глигор Соколов]] води тричасовна борба во [[Степанци]] со четата на [[Панчо Константинов]]. На 15 април 1907 година во месноста ''Јавор'' кај селото [[Црешнево]] четата на Дачо Јотов паѓа во заседа поставена од четата на Тренко Крапјанин и [[србомани]] од [[Поречје]]то. Но, благодарение на добрите односи на [[ВМОРО]] со кехајата на Теовскииот манастир Камил ага, пристигнала турска потера која ја нападнала четата на Тренко, која дава 15 жртви.
 
По [[Младотурската револуција]] се легализира. Активноста ја обновил во пролетта 1910 година, кога Рујанов почнува да дејствува со петчленна чета во [[Прилепско]]. На 24 јуни 1910 година бугарскиот конзул во [[Битола]], Тодор Недков пишува во извештајот до генералниот конзул во [[Солун]], [[Атанас Шопов]]:
Ред 10:
: ''Во Прилепското 2-3 месеци наваму обиколува заедно со 3-4 четници војводата Тренто Руjaнов, од селото Крапа, Прилепската каза. И во однос на таа српска чета власта не презела никакви мерки'' <ref>Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX — началото на ХХ век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 481.</ref>.
 
==Извори Наводи ==
{{наводи}}
<references/>
 
{{Дејци на МРО}}
 
[[Категорија:Војводи на Српскиот комитет на четничката акција]]
[[Категорија:Србомани]]