Петта македонска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
'''Петта македонска ударна бригада''' (познати и како '''Прилепска ударна бригада''') била формирана на 2 август 1944 година во месноста Влашки Колиби, близу село [[Зборско]], на планината [[Кожуф]]. Била формирана од 750 борци од Прилепско, со борците од Првиот баталјон „Мирче Ацев“ на [[Втора македонска ударна бригада|Втората македонска бригада]] и одредот „Трајче Петкановски“.
 
Водела борби кај селата [[Капиново]], [[Богомила]] (12/13 август), Бреза (25 август) и [[Здуње]] (28 август), го ослободила [[Градско]] и срушила шест мостови на патот Велес-Градско. Откако била ставена под команда на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10 септември), со борби влегла во ослободен [[Прилеп]] (11 септември) до неговото повторно заземање од германските сили (21 септември). Ги продолжила борбите кај селата [[Степанци (Велешко)|Степанци]] и [[Извор (Велешко)|Извор]] (на патот Прилеп-Велес, 23 септември), кај Бакарно Гумно и селата [[Големо Коњари]] (1 октомври), [[Ивањевци]] и [[Тројкрсти]] (на патот Прилеп-Битола, 2-6 октомври), [[Буково]] и Прентов Мост (на патот Ресен-Охрид, 13 октомври), кај реката [[Шемница]] (22 октомври), селата [[Глумово]], [[Грчец]] и [[Сушево]] (на патот Скопје-Тетово, 25 октомври).
 
Учествувала во борбите за ослободување на [[Прилеп]] (29 октомври - 2 ноември), [[Ресен]] (5 ноември), и [[Охрид]] (7 ноември), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (25 декември) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница.