Иван Гарванов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Иван Гарванов''' e по националност бугарбугарин - родум во [[Стара Загора]]. Неговата политичка кариера започнува кога Бугарската егзархија во [[Солун]] го создава еволуционисткото „Револуционерно братство“, на чие чело застанува тој како противтежа на револуционерната [[ВМРО]], која ќе ја прошири својата дејност низ [[Македонија]] создавајќи свои клонови во [[Прилеп]], [[Велес]], [[Сер]] и [[Кавадарци]] и поврзувајќи се со Врховниот Комитет во [[Софија]] на [[Борис Сарафов]].
 
Како професор во Солунската егзархиска (машка) гимназија во септември [[1899]] година благодарение на [[Борис Сарафов|Сарафов]] станува член на Солунскиот окружен комитет. Сепак неговиот продор во највисокото раководство на организацијата се остварува зимата [[1901]] година кога, по избувнувањето на познатата Солунска провала, [[Иван Хаџи Николов]] му ги предава печатот, шифрите и другите документи на организацијата. Тогаш тој се прогласува за самонаречен претседател на ЦК на [[ВМРО]] и користејќи ја оваа функција го свикува Солунскиот конгрес( јануари, [[1903]] година) со цел да се донесе решение за кревање на предвремено востание, убедувајќи ги делегатите дека во случај на неуспех, неговата татковина сигурно ќе им пружи помош.