Разлика помеѓу преработките на „Општина Крушево“

Додадени 8 бајти ,  пред 4 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
 
{{Инфокутија Општини во Македонија|
| слика мапа=Map of Kruševo Municipality.svg
==Географија==
 
Општина Крушево е сместена во претежно ридско-планинско подрачје на надморска височина од 600 до 1800 mм. Општината ги опфаќа јужните ограноци на [[Бушова Планина]], дел од [[Древеничка Планина|Древеничката Планина]] и дел од [[Пелагонија|пелагониското поле]] со рамничарскиот дел на [[Црна Река]]. Највисока кота на [[Крушевска Планина|Крушевската Планина]] и ограноците на Бушовата Планина е врвот [[Голоманец]] 1664 mм. Градот Крушево се наога на 1350 mм надморска височина, додека целото подрачје, северно и северозападно од Крушево, се простира на надморска височина од 1500 до 1700 mм.
 
Од јужните делови на Крушевската планина извираат реките [[Жаба (река)|Жаба]] и [[Журешница]], кои придонесуваат планината во тој дел да се одликува со
 
длабоки долови и повремени водотеци. Бушова планина има меридијански правец на простирање, која од врвот [[Мусица]] 1791 mм на запад се поврзува со планината [[Козјак (планина)|Козјак]] 1762 mм и продолжува на запад, поврзувајќи се со планината [[Баба Сач]] 1747 mм. На североисток, планината се поврзува преку преслапот [[Барбарас]], со планината [[Јакупица]]. На југ постои мала врска со Древеничката планина, преку која географски се надоврзува со [[Бигла]]. Општината Крушево зафаќа мал дел и од пелагониското, т.е прилепското поле, кое се простира од коритото на Црна река до Саждево.
 
===Почва===
==Клима==
 
Територијата на општината Крушево, која се простира на ридско-планинското подрачје на северозападниот дел од Пелагониската котлина, се карактеризира со умерено-континентална клима, со изразито влијание на планинската клима, од запад и котлинска клима од исток. Генерално, климата се карактеризира со подолги и студени зими и свежи лета. Средното просечно годишно траење на сончевото зрачење за периодот од 1998-2007 изнесува 2198,8 часа, додека облачноста е 5,2. Средната годишна температура за тој период изнесува 8,5 °C. Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од -4,8 °C, додека најтопол месец е август, со средна максимална температура од 29,2 °C. Средната годишна минимална температура е 2,8 °C и средната годишна максимална температура е 15,8 °C. Просечната годишна релативна влажност изнесува 73% со максимум во декември 80% и минимум во јули 63%. Ова подрчје се карактеризира со големи количества врнежи и тоа најмногу во ноември, а најмалку во август. Врнежите имаат посебно значење за земјоделството, која е карактеристична дејност за ова подрачје. Просечната годишна количина на врнежите изнесува 806 mmмм.
 
== Историja ==