Разлика помеѓу преработките на „Меморијален центар на АСНОМ“

нема опис на уредувањето
 
Идејата да се изгради Меморијален центар на АСНОМ, се родила откога почнале проблеми со одбележувањето на заседанието на [[АСНОМ]] во манастирот „Св. Прохор Пчински“ на територијата во [[Србија]]. Тензиите се зголелиле откако српскиот радикал [[Воислав Шешељ]] насилно ги извадил спомен-плочите од заседанието на АСНОМ во [[1998]] година, така што изминатите години македонските делегации на празникот положувале венец кај чешмата во близина на манастирот.
 
Иницијативата за изградба на ваков центар дошла од страна на тогашниот министер за култура [[Благој Стефановски]]. Предлогот бил прифатен од страна на Владата. Идејата било да се изгради културно-историски споменик со рекреативни содржини, но без црква и манастирски комплекс, како што бил предлогот на [[Кирил Полошко-кумановски|господин Кирил]].<ref name="утрински">{{наведени вести|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1370&stID=5312&pR=3|last=Д.|first=С.|work=[[Утрински Весник]]|publisher=МПМ Македонија|language=македонски|accessdate=17 април 2017|location=Скопје}}</ref>
 
Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце е отворен на [[2 август]] [[2004]] година, во повод на 60-годишнината од Првото заседание на АСНОМ од тогашниот претседател на [[Македонија]], [[Бранко Црвенковски]].