Бозгунова Пештера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
 
==Морфометриски одлики==
Влезниот дел на пештерата е доста широк односно со широчина од 9,5 метри и е условен со разурнувањето на таваницата<ref name="Манаковиќ" />. Веднаш по влезот е една сала широка 13 метри, а долга 25 метри Подот е препокриен со глина, разурнати карпи и напласти<ref name="Манаковиќ" />. Преку еден отсек од 3 метри, се навлегува во главната сала на пештерата, кој по страните има многу убави напласти и завеси со жолтеникава боја<ref name="Манаковиќ" />. Салата е долга 37 метри, а наширокиот дел ѝ изнесува 25 метри. Во средината на салата има разурнати блокови од кои повеќето се препокриени со бигрена корка<ref name="Манаковиќ" />. Овие блокови личат како една купа која е висока 19 метри<ref name="Манаковиќ" />. На самиот врв има еден сталактит со обилк на човек. Во долниот дел на купата, напластите образуваат разни животински ликови како на лав, волк и др<ref name="Манаковиќ" />. Од овој дел преку еден канал долг 12 метри се навлегува во третата сала која е долга 20 метри и широка 10 метри. Таваницата и ѕидовите се доста напукнати<ref name="Манаковиќ" />. При првите истражувања во 1928 година запишани се податоци за надморската височина од 1050 метри и вкупна должина на пештерата од 82 метри. Поради големината на пештерата, покрај лилјаци во неа живеат и поголеми птици како бувови и соколи, а при некои истражувања на каналите во внатрешноста се пронајдени и остатоци од животински коски.
 
==Предание==