Разлика помеѓу преработките на „Бугаризација“

Додадени 183 бајти ,  пред 3 години
(Блаже Ристевски)
 
== Бугаризација на Македонците ==
[[File:Taga za Jug.jpg|thumb|Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од [[Константин Миладинов]]]]
 
Првите појави на бугаризација кај Македонците се забележани пред средината на 18 век, со разгорувањето на интересот кон словенството и посебно кон старословенскиот јазик. Вака бугарското име почнало да се реактивира во Македонија, бидејќи истражувачите го наоѓале во старите пишани споменици на словенски и други јазици. Тогаш идеите за постоење на „словенска нација со бугарско име на Балканот“ ја прифатиле одреден број македонски интелектуалци. Некои од нив подоцна биле под силно руско влијание (студенти во Русија) или одржувале блиски врски со бугарските национални водачи. Бугаризацијата својот вистински замав го зема по [[1871]] год., кога голем дел од Македонија, бегајќи од асимилаторската политика на Цариградската патријаршија, се има ставено под јурисдикција на Бугарската егзархија, како поблиска и словенска црква. Во матичните книги на родените, крстените, венчаните и починатите сите се запишуваат како „Бугари по род“. Во училиштата кои биле под директна егзархиска управа целата настава била насочена кон воспитување на децата во бугарски национален дух. Во пракса, поголем дел од Македонските Словени станале екзархисти по формирањето на Егзархијата.
10

уредувања