Разлика помеѓу преработките на „Микеланџело Буонароти“

ситно средување
с
(ситно средување)
'''Микеланџело ди Лудовико Бонароти Симони''' ({{lang-it|Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni}}; [[6 март]] [[1475]] – [[18 февруари]] [[1564]]), попознат само како Микеланџело — [[италија]]нски ренесансен [[вајар]], [[сликар]], [[архитект]], [[поет]] и инжинер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност. И покрај тоа штo направил неколку „излети“, надвор од уметноста, неговата разновидност во дисциплните со кои се занимавал била толку уникатна, што се смета за еден од моделите на тоа како еден уметник на ренесансата треба да изгледа, заедно со неговиот пријател [[Леонардо да Винчи]].
 
Микеланџело, за време на неговиот живот, се сметал за еден од најголемите уметници, и оттогаш па се до денес останал да биде еден од најталентираните луѓе на сите времиња. Многу од неговите дела, било да се работи за вајарството, сликарството или архитектурата, се едни од најпознатите дела кои некогаш постоеле. Неговото творештво, во секое поле на уметноста, за време на неговиот долг живот е огромно, вклучувајќи ги тука и дописките, скиците и спомените кои се зачувани како дел од него. Според ова тој е најдокументиран уметник во 16 век. Две од неговите најпознати дела, „Оплакување“ (Pieta) и „Давид“, биле извајани пред Микеланџело да наполни 30 години. И покрај неговото дистанцирње од уметноста и сликањето, тој ги насликал двете највлијателни дела во фрескосликарството во историјата на западната уметност, и тоа сцени од „Создавањето“„[[Создавањето на Адам]]“ на таванот и „Страшниот суд“ на ѕидот над олтарот од Систинската капела во Рим. Како архитект Миекланџело започнал да работи во стилот на маниризмот во Лаврентијската библиотека. На 74 годишна возраст, тој ја добил работата на Антонио ди Сангало, помладиот, како архитект на базиликата Свети Петар, па направил неколку промени во архитектонскиот план. Западниот дел бил завршен според новиот план, а куполата била завршена дури по смртта на Микеланџело, со неколку измени.
 
Уште една работа која зборува за уникатноста на Микеланџело е фактот кој вели дека тој бил првиот уметник чија биографија била издадена уште додека бил жив. Всушност, две биографии биле издадени за време на неговиот живот. Едната била напишана од Џорџо Васари, истакнувајќи дека Микеланџело претставува врв на сите уметнички достигнувања од почетокот на ренесансата, став кој ја задржал својата важност векови подоцна. Го нарекувале „Il Divino“, што во превод значи божевствен. Еден од неговите квалитети на кој најмногу му се восхитувале неговите современици била неговата “teribilita”, способност на препознавање и умешност кои предизвикуваат стравопочит. Многу од уметниците се обиделе да го имитираат тој негов страсен и специфичен стил, кој подоцна ќе претставува зачеток за Маниризмот, следното главно уметничо движење на западот, по ренесансата.
 
=== Таванот на Систинската Капела ===
[[File:The Creation of Adam.jpg|thumb|right|200пкс|<center>„Создавањето„[[Создавањето на Адам“Адам]]“</center>]]
Во 1505 година, Микеланџело бил повикан од новоизбраниот [[папа ЏулиусЈулиј II]], да се врати назад во Рим. Добил задача да го изгради надгробниот споменик на папата. Иако под негов надзор, Микеланџело постојано ја занемарувал работата на споменикот, како би можел да заврши безброј други задачи. Токму поради тоа, работел на споменикот цели 40 години и никогаш не го завршил. Негова главна карактеристика е статуата на Мојсеј и е сместен во црквата Св. Петар во Винколи, во Рим.
 
Во овој период, Микеланџело ја прифатил задачата да го наслика таванот на Систинската Капелакапела, за чија изградба биле потребни приближно 4 години (1508 година – 1512 година). Според Микеланџело, Браманте и Рафаел биле тие кои го убедиле папата да му ја додели оваа задача на Микеланџело мислејќи дека тој нема никакво познавање за тематиката која требало да ја наслика. Целта на целата замисла била Микеланџело да се соочи со неповолни и непријатни споредувања со неговиот ривал Рафаел, кој во тоа време бил на врвот на неговата кариера како прв фрескосликар. Сепак, оваа приказна, како факт е отфрлена од современите историчари кои се базираат на моменталните докази, единствено може да се согледа како одраз на личната перспектива на Микеланџело.
 
На почетокот задачата на Микеланџело била да ги наслика 12те апостоли над ѕвездено небо, меѓутоа се одлучило за поинаква и посложена шема, претставувајќи го Создавањето, Падот на човештвото, Ветувањето за спасение, преку пророците и Генеалогијата (историјата на семејството на) на Исус. Делото ја опфаќа речиси целата декоративна шема на палатата и претставува голем дел од доктрината на Католичката црква.
=== Папите од семејството Медичи ===
[[File:Life of Michael Angelo, 1912 - Tomb of Giulino de Medici.jpg|thumb|right|200пкс|<center>Капелата за семејството Медичи</center>]]
Во 1513 година, папата Џулиус[[Папа Јулиј II|Јулиј II]] починал, а неговиот наследник папата Лео X, исто така од семејството Медичи, го ангажирал Микеланџело да ја реконструира и преправи фасадата на базиликата на Св. Антонио во Фиренца и да ја украси со скулптури. Тој прифатил без некое огромно воодушевување. Следните три години ги поминал правејќи скици и модели за фасадата, а се обидел да отвори и каменолом за мермер во Пјетрасанта од каде ќе ги црпел материјалите токму за овој проект, меѓутоа пред започнувањето на било каква работа, целиот проект бил откажан поради повлекувањето на финансиите од покровителите. Па така фасадата на базиликата го задржала стариот изглед до ден денес.
 
Без ни ронка срам од претходното повлекување на финансиите, семејстовто Медичи, по неколку години повторно го ангажирала Микеланџело, овој пат да направи атхитектонски план за семејната погребна капела во базиликата на Св. Лоренцо. За среќа на семејството, Микеланџело ја прифатил понудата и работел на овој проект речиси десет години, овој пат завршувајќи го докрај.
=== Последните проекти во Рим ===
[[File:Michelangelo, Giudizio Universale 02.jpg|thumb|right|200пкс|<center>„Страшниот суд“</center>]]
„Страшниот суд“ е фреска насликана на ѕидот над олтарот во [[Систинска капела|Систинската Капелакапела]] на барање на папата Клементе седми, кој починал набрзо по ангажирањето на Микеланџело. Папата Павле III бил оптимист дека Микеланџело успешно ќе го започне и ќе го заврши овој проект. Тој работел на фреската од 1534 година, до октомври 1541 година. Делото е масивно и се протега преку целиот ѕид позади олтарот во [[Систинска палата|Систинската Палатапалата]]. „Страшниот суд“ е приказ на второто доаѓање на спасителот Исус по апокалипсата, каде човековите души се издигнуваат, препуштајќи се и следејќи ја верата и чекајќи го судот на Исус, кој е опкружен со другите светци. Се претпоставува дека местоположбата на фигурата на Исус во ова дело, всушност е посветена на позицијата која ја има Исус во „Вознесението Христово“, дело на Мелоцо де Форли, кое најпрво се наоѓало во Црквата на Св. Апостоли, а денес се наоѓа во Квириналскиот Дворец.
 
Откако Микеланџело завршил со сликањето на голите тела на Исус и Дева Марија, многу од свештениците биле незадовлони и гледале на тоа како на [[богохулство]], дури кардиналот Карафи и епископот Сернини (кој бил амбасадор на Мантуа), побарале фреската да биде отстранета или цензурирана, на што папата се спротивставил. По смртта на Микеланџело, било одлучено гениталиите од фреската да бидат покриени (“Pictura in Cappella Ap. Ca coopriantu”). За таа цел, бил ангажиран Даниел де Волтера, кој му бил ученик на Микеланџело. Негова задача била да наслика појаси околу бедрата, оставајќи ги останатите делови на телото недопрени, онакви какви што Микеланџело ги насликал. По реставрацијата на делото, во 1993 година, многу од конзерваторите одлучиле да ги задржат појасите насликани од Даниел, оставајќи дел од нив како историски доказ, бидејќи многу од делата на Микеалнџело биле оштетени и изгребани од други уметници кои восхитувајќи се на ремек делата, сакале само да ги допрат. Веродостојна нецензурирана копија на оригиналот, насликана од Марсело Венусти, се наоѓа во националнито музеј на Капо ди Монте во Неапол.