Лебедово езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситни поправки
Ред 6:
Чајковски музиката за балетот ја напишал по нарачка од [[Бољшој театар]] за [[хонорар]] од 800 [[рубља|рубљи]] за либретото коешто го напишале заедно со Владимир Бегичев, тогашен директор на московскиот царски театар и балетанот [[Василиј Гелтзнер]] по [[Германија|германската]] бајка „Украден вел“. Таа [[бајка]] прв ја објавил [[Јохан Карл Август Мусаус]]. Инаку слична бајка постои и во [[Русија]] („Бела патка“), дури и по дејството е многу блиска, па се претпоставува дека авторите направиле една мешавина од дејството на руската и ликовите на германската бајка . [[кореографија|Кореографијата]] за [[премиера|премиерата]] ја направил Вацлав Реисигер, тогашен балетмајстор на Бољшој театар. Премиерата не поминала со голем успех, но сепак балетот се задржал на репертоарот на театарот до [[1883]] со вкупно 41 изведба.
 
После смртта на Чајковски, балетот е поставен во [[Санкт Петербург]], во [[Марински театар|Маринскиот театар]], во [[1895]] година. За таа изведба кореографијата ја направиле [[Мариус Петипа]] (1 и 3 чин) и Лев Иванов (2 и 4 чин) со некои корекции на либретото кои ги направил братот на композиторот [[Модест Чајковски]] и корекции на оригиналната [[партитура]] (кратења), кои ги направил диригентот на театарот [[Рикардо Дриго]]. Таа изведба станала многу попопуларна, па затоа сè до денес повеќето изведби на Лебедово езеро се рефлектираат на истата.
во [[1895]] година. За таа изведба кореографијата ја направиле [[Мариус Петипа]] (1 и 3 чин) и Лев Иванов (2 и 4 чин) со некои корекции на либретото кои ги направил братот на композиторот [[Модест Чајковски]] и корекции на оригиналната [[партитура]] (кратења), кои ги направил диригентот на театарот [[Рикардо Дриго]]. Таа изведба станала многу попопуларна, па затоа сè до денес повеќето изведби на Лебедово езеро се рефлектираат на истата.
 
Останатите познати изведби на Лебедово езеро се изведувале во [[1880]] и [[1882]] година. После тоа 1901 повторно во Бољшои театар, како и во [[Лондон]] во [[1911]] во изведба на „Балетс Русес“ на [[Сергеј Џагиљев]].
 
== Ликови ==