Бозгунова Пештера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
==Морфометриски одлики==
Влезниот дел на пештерата е доста широк односно со широчина од 9,5 метри и е условен со разурнувањето на таваницата<ref name="Манаковиќ" />. Веднаш по влезот е една сала широка 13 метри, а долга 25 метри Подот е препокриен со глина, разурнати карпи и напласти<ref name="Манаковиќ" />. Преку еден отсек од 3 метри, се навлегува во главната сала на пештерата, кој по страните има многу убави напласти и завеси со жолтеникава боја<ref name="Манаковиќ" />. Салата е долга 37 метри, а наширокиот дел ѝ изнесува 25 метри. Во средината на салата има разурнати блокови од кои повеќето се препокриени со бигрена корка<ref name="Манаковиќ" />. Овие блокови личат како една купа која е висока 19 метри<ref name="Манаковиќ" />. НасНа амиотсамиот врв има еден сталактит со обилк на човек. Во долниот дел на купата, напластите образуваат разни животински ликови како на лав, волк и др<ref name="Манаковиќ" />. Од овој дел преку еден канал долг 12 метри се навлегува во третата сала која е долга 20 метри и широка 10 метри. Таваницата и ѕидовите се доста напукнати<ref name="Манаковиќ" />.
 
==Предание==
Постојат преданија и легенди скоро за секоја [[Пештери во Македонија|пештера во Македонија]]<ref name="Манаковиќ" />, вообичаено со слична содржина, па така и за Бозгуновата Пештера постои слично предание, според кое таа го добила името поради еден страшен настан од минатото. Зборот ''бозгун'' доаѓа од турскиот јазик со значење на пораз-пропаст (уништување), смрт<ref name="Манаковиќ" />. Во преданието се вели дека за време на турската отоманска наезда, сето население од [[Патишка Река]] се сокрило во пештерата за да се засоли од турскиот аскер<ref name="Манаковиќ" />. Кога поминувала турската војска под пештерата едно магаре пред пештерата почнало да реве, тоа непријателот го забележал и дошле пред пештерата и кога ги виделе бегалците внате, сите ги побиле (убиле)<ref name="Манаковиќ" />.
 
==Галерија==
Ред 38:
File:Бозгунова Пештера 10.jpg|Ѕидот на пештерта од кој се отвораат повеќе други канали и сали
File:Бозгунова Пештера 21.jpg|Поглед од внатрешната страна кон процепот на отворот
File:Бозгунова Пештера 13.jpg|Поглед од внатрешната страна кон процепот на отворот,
File:Бозгунова Пештера 26.jpg|Поглед во внатрешноста на пештерата
File:Бозгунова Пештера 25.jpg|Облици во внатрешноста покриени со мов
File:Бозгунова Пештера 27.jpg|Поглед на сталамитни форми во внатрешноста
File:Бозгунова Пештера 28.jpg|Поглед на сталамитни форми во внатрешноста
</gallery>
</center>