'''Берзити''' (Брсјаци, Верзити) себиле [[Склавини|јужнословенско племе]] кое прв пат се споменува под името Верзети или Велегезети во „Чудата на свети Димитрија“, а во врска со една од опсадите на [[Солун]]. Во [[799]] год. словенскиот кнез Акамир заедно со Хеладиките (домашните Грци) прави заговор против византиската царица [[Ирина (византиска царица)|Ирина]]. Акамир во тоа време бил независен словенски архон на областа Верзетиjа, а која се наоѓала во [[Тесалија]]. Присуство на словенски племиња во Тесалија е потврдено и со археолошки наоди од 7-9 век, каде се присутни и голем броj рани словенски топоними.