Ото-мотор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 6:
[[Податотека:Делови на мотор со внатрешно согорување.jpg|thumb|250px|left|Делови на четиритактен мотор со внатрешно согорување и со две брегасти оски во главата (DOHC).]]
 
Моторот е сместен во метално куќиште изработено од челик или алуминиум (во поново време некои делови се прават и од керамика). Горниот дел се нарекува „глава“ на моторот, а долниот „блок“ на моторот. Главата и блокот се херметички слепени со низа навивки и тнр. „дихтунг“. Низ главата и низ блокот на моторот има низа канали низ кои струи течнот за ладење на мадињата придвижувана од надворешна пумпа. На дното на куќиштето се наоѓа корито (картер) за маслото за подмачкување, што го намалува триењето.
 
Во внатрешноста на блокот има големи отвори наречени цилиндри. Моторот може да има еден или повеќе цилиндри. Во долниот дел, блокот завршува со една голема комора до која водат сите цилиндри. Во таа комора се наоѓаат лежиштата за коленестото вратило и самото вратило. Во внатрешноста на цилиндрите се наоѓаат клиповите, поврзани со карики до коленестото вратило.