Спартаково востание: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 59:
Многу популарни модерни толкувања за ова востание застапуваат една теза во која се вели дека тие се поделиле во две големи групи, групата на Спартак која сакала преку Алпите да се избори за слобода и групата на Криксус која сакала да остане во јужна Италија и да продолжи со ограбувања. Оваа интерпретација на настаните се заснова на фактот што помеѓу регионите, кои Флориј ги наведува како ограбувани и опустошувани места, се вклучени и [[Турија (Италија)|Турија]] и [[Метапонто]] кои се многу оддалечени од [[Нола]] и [[Ночера]]. Исто така, [[Луциј Гелиј Публикола]] го нападнал Криксус со неговата група од околу 30.000 следбеници за која се тврди дека била разделена од главната група под водство на Спартак.<ref name="Plutarh9.7">-{Плутарх}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/Lives/Crassus*.html#9.7 -{Крас}-, 9:7]</ref><ref name="Apian1:117">-{Апијан}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Appian/Civil_Wars/1*.html#117 -{Граѓански војни}-, 1:117]</ref> И Плутарх напишал дека некои од побегнатите робови сакале да опустошуваат низ [[Италија]], а не да побегнат преку [[Алпи]]те.<ref name="Plutarh9.5">-{Плутарх}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/Lives/Crassus*.html#9.5 -{Крас}-, 9:5–6].</ref> Оваа теорија се поклопува со античките извори, но не постојат дикретни докази кои би ја подржале.
 
Фиктивни изданија, како што е [[Спартак (филм)|филмот Спартак]] на [[Стенли Кјубрик]] од [[1960]],<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0054331/ IMDB]</ref> го отсликуваат Спартак како староримски [[Востаничко движење|борец за слобода]] кој се борел за промена на корумпираната римска бирократија и за укинување на робовладетелството. Иако оваа слика не се спротиставува на класичните историчари, ниту еден историски извор не споменува дека целта на востаниците било укинувањето на робовладетелството во републиката, ниту, пак, некоја од спартаковите акции не посочува на оваа цел.
 
Дури и античките историчари, кои пишувале непосредно по востанието, биле поделени околу мислењето за мотивот и целта на Спартак. Алијан и Флориј тврдат дека тој сакал да го нападне Рим,<ref name="FlorusE2.8." /><ref name="Apian1:117" /> меѓутоа ова може да се протолкува само како одраз на стравот кој Спартак го предизвикал кај римјаните. И навистина да сакал да го нападне Рим, подоцна се откажал од истото. Плутарх напишал дека единствено нешто што Спартак сакал е да побегне на север низ [[Кисалпска Галија]] и да ги врати домовите на своите луѓе.<ref name="Plutarh9.5" />