Спартаково востание: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 55:
== Мотивација и раководство на побегнатите робови ==
[[Податотека:Spartacus statue by Denis Foyatier.jpg|мини|290п|десно|Спартак, скулптура на [[Денис Фоатјер]] од 1830 година, [[Лувр]]]]
До крајот на 74 п.н.е., Спартак и Криксус командувале со голема група на вооружени луѓе кои се докажале способни во спротиставувањето на римската војска. Меѓутоа, денес е многу тешко да се потврди кои им биле понатамошните планови. Во поновите книги постојат конкрадикторни искази и поради причината што востанието билабилo задушено, не постојат директни сведоштва за мотивите и целите на востаниците.
 
Многу популарни модерни толкувања за ова востание застапуваат една теза во која се вели дека тие се поделиле во две големи групи, групата на Спартак која сакала преку Алпите да се избори за слобода и групата на Криксус која сакала да остане во јужна Италија и да продолжи со ограбувања. Оваа интерпретација на настаните се заснова на фактот што помеѓу регионите, кои Флориј ги наведува како ограбувани и опустошувани места, се вклучени и [[Турија (Италија)|Турија]] и [[Метапонто]] кои се многу оддалечени од [[Нола]] и [[Ночера]]. Исто така, [[Луциј Гелиј Публикола]] го нападнал Криксус со неговата група од околу 30.000 следбеници за која се тврди дека била разделена од главната група под водство на Спартак.<ref name="Plutarh9.7">-{Плутарх}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/Lives/Crassus*.html#9.7 -{Крас}-, 9:7]</ref><ref name="Apian1:117">-{Апијан}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Appian/Civil_Wars/1*.html#117 -{Граѓански војни}-, 1:117]</ref> И Плутарх напишал дека некои од побегнатите робови сакале да опустошуваат низ [[Италија]], а не да побегнат преку [[Алпи]]те.<ref name="Plutarh9.5">-{Плутарх}-, [http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/Lives/Crassus*.html#9.5 -{Крас}-, 9:5–6].</ref> Оваа теорија се поклопува со античките извори, но не постојат дикретни докази кои би ја подржале.