Крушево: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
опис
Нема опис на уредувањето
Ред 88:
 
Радува податокот дека во оваа област како да се наѕираат и следбеници на истакнатите културни дејци од овој крај. Покрај неколкуте музеи, споменици, спомен-одбележја од подалечното минато, посебно од Илинденскиот период и навака, како: Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република (отворен 1953 г.), Галеријата на основоположникот на современата македонска ликовна уметност, крушевчанецот Никола Мартиноски (1968 год.); Споменикот на националноослободителната борба и Илинденското востание (1974 г.), Споменикот на Мечкин Камен на авторот Димо Тодоровски (1983 г.), Музејот на НОВ (1989 г.). Покрај овие, тука може да се вбројат: споменикот на Никола Карев, на Питу Гули, бистата на Веле Марков, споменикот на боиштето на Слива, а сега е во тек изградбата, односно реконструкцијата и адаптацијата на Леарницата за куршуми за Потребите на востаниците. Со ова Крушево ќе добие и уште музеј.
[[Слика:Krushevo school.JPG|left|thumb|БугарскоУчилиште училиштена во[[Бугарска Крушевоегзархија|бугарската како симбол на големобугарската пропагандаегзархија]] во МакедонијаКрушево]]
Ликовното и копаничарското дело го продолжуваат сликарите аматери: Перо Начески (професор во пензија), кој ги слика старите куќи од 19-ти век, кои забот на времето постепено ги подјадува, даровитите природни убавини, што го опкружуваат Крушево, се наоѓаат на платната на сликарот аматер-примариус д-р Матеја Хаџи (Хаѕи) Лега (сега во пензија), чие творештво е инспирирано од неговото Крушево, како и од мотивите на струшкото крајбрежје, а копаничарот Ѓоре Ќискоски кој чекори по даровитоста на Петре Филипович- Гарката, моментално работи на ликот на поглаварот на Македонската православна црква- Неговото блаженство Г.Г. Михаил, кому наскоро ќе му биде предаден овој копаничарски портрет на скопската митрополија. Во исто време добар творец е и Велко Петковски-Шулц. Сите овие, а има интерес и кај помладите, ќе ги надополнуваат и збогатуваат културните содржини на Крушево, а во скорешна иднина, па и сега може да се потврди дека овој град, бележит град по многу нешта и специфичности, го носи името Град Музеј.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Крушево